Зошто Антикорупциска молчела четири години иако знаела за скандалите на Мерко и кој од власта вршел притисоци во Судскиот совет да го згасне предметот

Денеска Државната комисија за спречување на корупција излезе со признание дека пред 4 години реагирале за случај каде има основано сомнение за криминал на струшкиот градоначалник Мерко, а Судскиот Совет политички контролиран од СДС и ДУИ го згаснал, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваа дека отворено се поставуваат две прашања: зошто Антикорупциска молчела четири години иако знаела за скандалите на Мерко, и кој од власта на СДС и ДУИ правел притисоци во судскиот совет да го згасне предметот на струшкиот градоначалник?

„Очигледно дека оставките во Судскиот совет се најмалата работа, бидејќи потребна е оставка на цела влада. Криминалот е длабоко метастазиран во сите институции на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.