Зошто е важен витаминот К?

Витамин К е многу важен за здравјето. Витамин К1 се надополнува претежно со храната или преку додатоци во исхраната. Додека витамин К2 пак се синтетизира во цревната флора. Затоа луѓето со гастроинтестинални нарушувања често страдаат од намален број корисни пробиотик бактерии во цревата. Во повеќето случаи тие имаат и дефицит на витамин К2.

Витамините К имаат исклучително важни својства за организмот. Без нив апсорпцијата на витамин D е невозможна. Според холандско истражување од 2004 година, витаминот К го намалува ризикот од коронарна срцева болест со 57%, пишува Natural News.

Научниците дошле исто така до заклучокот дека оптималните нивоа на витамин К во телото ја намалуваат вкупната смртност предизвикана од разни болести, со до 26%.

За што помага витамин К? Го регулира згрутчувањето на крвта, го стимулира метаболизмот, ги заздравува коските, помага за транспорт на калциум, го потиснува воспалението, ја подобрува апсорпцијата на инсулинот.

Причините за недостатокот на витаминот К се: Неадекватно внесување храна, нарушување на синтезата на цревните бактерии (долготрајна употреба на антибиотици) и губењето на резервите на витаминот К во црниот дроб поради хепатоцелуларното оштетување. Посебна причина е прекумерното и неконтролираното земање орални антикоагуланси.

Клинички манифестации на недостатокот од витамин К се: Крвавење во вид на поткожни хематоми, крвавење во мускулите, како и од слузницата, гастроинтестиналниот и урогениталниот систем.

Недостатокот на витамин К се нарекува и хиповитаминоза на К, а симптомите може да бидат: Модрици, точкести крвавења (петехии), хематоми, болки во стомакот, калцификација на мекото ткиво (особено на срцевите залистоци), силно менструално крвавење, крвавење во гастроинтестиналниот тракт, хематурија (крв во урината), крвавење од носот, непцата, анемија, остеопенија, остеопороза, фрактури и хиперкалциурија.