Зошто клетките формираат тумори?

Чешки, австралиски и новозеландски научници откриле што ги поттикнува клетките на ракот да произведуваат тумори.

Научните тимови од Институтот за биотехнологија при чешката Академија на науките, Грифит- универзитетот во Австралија и новозеландскиот Институт Малаган од Велингтон ги проучувале митохондриите, кои се енергетски центри во клетките, еден вид на ,,микроелектрани” одговорни за создавање на енергија.

За важно откритие го сметаат сознанието дека митохондриите можат сами да преминуваат од клетка на клетка и со тоа овозможуваат појава на нов тумор.

Правејќи експерименти врз глувци, создавајќи намерно тумори, истражувачите откриле дека канцерот почнува да се развива така што клетките со дисфункционални митохондрии „ги крадат” добрите митохондрии од околните клетки.

Но кога митохондриите ќе ја изгубат својата ДНА туморските клетки не можат повеќе да се размножуваат.

Научното откритие покажува дека со помош на мали специјални молекули може да се изврши „напад” врз митохондриите на клетките на ракот и нивната ДНК, со што потенцијално ќе се потиснат туморите.