Последниве години на оваа тема сум пишувал повеќе пати, но како да нема никаков слух и интерес од надлежните институции, почнувајќи од Владата (на заминување), МОН, Собранието на Република Македонија (како основач на јавните универзитети), Универзитетите и други субјекти.
Во сериозни, нормални, правни држави, кога се појавуваат и се објавуваат светски рангирања на универзитети нивните научни достигнувања, а ако тие достигнувања не ги исполнуваат и реализираат образовните и научните достигнувања, а се загрижувачки, тогаш таа држава го вклучува алармот за состојбите на образованиети и свикува „вонредна состојба“ и расправа за настанатата состојба во образованието во државата и се бара и се сноси одговорност. Кај нас, во Република Македонија, во делот на образованието на сите степени, состојбите се алармантни. Владата во заминување и надлежните институции, само ги констатираат состојбите во образованието, но не се вклучуваат во нивно надминување и решавање на истите, нема одговорност, нема расправа за истите, иако согласно законите постојат надлежни институции. Но, истите институции ги интересира и предмет на интерес се личните интереси, профит, јавни тендери односно образовен криминал и корупција.
Затоа, останува новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и другите партнери во Владата, сериозно да се позанимаваат со главниот столб ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА, на сите степени, да се проанализираат состојбите. Што значи образованието за државата? Како што ќе рече Бенџамин Френклин: „Инвестицијата во знаењето дава најдобри камати“. Од овие причини образованието треба да биде предмет на проучување, истражување и валоризирање во сите степени и сегменти кои ќе дојдат до релевантни податоци дека постојано се менува, постојано е пред нови предизвици, кои бараат да се следат и имаат предвид во неговото реформирање, иновирање, и трансформирање или како што вели големиот Нелсон Мандела: „Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот“.
Последните светски рангирања на нашите македонски универзитети
Според Центарот за рангирање на универзитети во светот (CWUR), за 2024 година, од 2.000 најдобри универзитети во светот, најдобриот наш универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 1990-то место.
Од соседството: Србија има 4 (четири) високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив најдобро рангиран е белградскиот универзитет, кој се наоѓа на 376 место, што е пад за 14 позиции во однос на лани (2023), а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
Од Бугарија се рангирани 2 (два) универзитети, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети, а Хрватска со 4 универзитети.
На листата нема ниеден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и БИХ.
За најдобри рангирани универзитети се утврдени: Харвард, МИТ, Стенфорд (САД), Кембриџ и Оксворд (Велика Британија).
ВЕБОМЕТРИКС (истражувачкиот шпански центар)
Според последните рангирања на „Вебометрикс“, Webometriricg Ranking of Worid Universities-Шпанија, за 2023 година, беа објавени рангирањата на универзитети во светот, што оваа организација го прави повеќе од 16 години, а според методологијата се мерат научните достигнувања на персоналот по универзитети и нивното влијание во светот. Според последните рангирања на „Вебометрикс“, најдобро рангирани два универзитети во Македонија се: Прво рангиран е УКИМ-Скопје, на 1.526 место, додека второрангиран е УГД-Штип, на 3.632 место, кој годинава има скок од 100 места, па понатака следат:
- 3-то место е Универзитетот на југоисточна Европа-Тетово – 4.369 место
- 4-то место е УТ-Тетово – 4.631
- 5-то место е УКЛО-Битола – 5.047
- 6-то место е УИНТ-Охрид – 6.990
- 7-мо место е Интернационален Балкан универзитет – 7.243
- 8-мо место е Американ колеџ – 7.812
- 9-то место е Универзитет Мајка Тереза 8.414
- 10-то место е ФОН универзитетот – 1.452
- 11-то место е Бизнис академија Смилевски – 18.047
- 12-то место е Славјанскиот универзитет – 18.640
- 13-то место е Универзитет за туризам и менаџмент-Скопје – 19.914
- 14-то место е Интернационален Универзитет-Струга – 21.337
- 15-то место е Институт на филмска уметност – 21.364
- 16-то место е Визион универитет-Гостивар – 21.412
- 17-то место е Еуро колеџ-Куманово – 21.459
- 18-то место е Воената академија „Михјло Апостолски“ – 21502
- 19-то место е Факултет за Бизнис и економија-Скопје – 22.708
- 20-то место е МИТ Универзитет-Скопје – 22.705
- 21-во место е Универзитет ЕСТРА-Скопје – 23.068
- 22-ро место е Европскиот универзитет-Скопје – 25.412
- 23-то место е Американскиот универзитет од Европа/ФОН – 26.051
Овој истражувачки шпански центар ВЕБОМЕТРИКС, со новото рангирање, за најголемите државни универзитети во Македонија, бележи пад од седум места споредбено со 2017 година, кога бил на 1.519 место. Сепак, доколку се спореди со минатата година, кога УКИМ беше рангиран на 1.594 место во светот, годинава позицијата е подобрена за 68 места. По УКИМ, втор на листата за македонските универзитети е УГД-Штип, кој на светската ранг листа се наоѓа на 3.632 место. Најлош рангиран македонски универзитет е Американскиот универзитет Европа/ФОН кој во светот е на 26.051 место.
Зарем ова не е загрижувачко. Каде се надлежните институции ?
Сакам да повторам и истакнам дека загрижен сум од непревземање активни мерки на институциите. Нема никакви мерки на Владата (во заминување) за образованието, науката, истражувањата и иновациите, нема одговорност?! Што и како работи поставената Агенција за квалитет за високото образование и нивните Одбори за акредитација и евалуација? Зошто не си ја извршуваат професионално и совесно својата работа?! Практичното (не) функционирање на Националниот совет за високо образование! Зошто нема никаква Собраниска расправа и одговорност за ваквата загрижувачка состојба?! Секако, се чувствува одговорноста на Министерот за образование и наука, (не) професионалната работа на Државниот просветен инспекторат, Собранието на Република Македонија, кој е основач на јавните универзитети. Тука треба да се одважи највисоката Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) – која треба да креира стратегија и излез од овој наш бродолом на високото образование и наука на нашите универзитети. Има многу прашања, но нема професионален и одговорен однос на институциите. Останува новата Влада, предводена од премиерот, професор д-р Христијан Мицкоски, на овој план да направи промени и трансформирање на институциите и сносење на одговорности со нови професионaлни и стручни наставнонаучни кадри.
Излезни решенија што треба да ги преземе новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ
- Да се преиспита донесениот Закон за високо образование (08.05.2018г) од страна на МОН, истиот не само што не е развоен, туку, е полош од предходниот. Да се преиспита Законот за научноистражувачка дејност. Ова треба да биде работа на новата Влада на Република Македонија.
- Универзитетите и нивните единици треба да ги постават целите и задачите во делот на наставата, наставните програми и потребите на пазарот на трудот, наставниот кадар, научната дејност и поставеноста на студентот како активен субјект и партнер во академската заедница.
- Да се преиспитаат Веб страниците на универзитетите-единиците од страна на МОН, истите не се јасни, односно, некои универзитети-факултети немаат ништо конкретно јасно напишано, не се знае на кои студиски програми кои професори предаваат, конкретно согласно ЗВО и слично.
- Неминовна потреба во Република Македонија (до сега не е направено) од рангирање на квалитетот на факултетите, по студиски програми по универзитети во јавните и приватните универзитети, поконкретно (во Македонија има над 20 Правни и Економски факултети или факултети по менаџмент…) вршење рејтинг на квалитетот по студиски програми (Правни, Економски, Медицински, Информатички,Техничко-технолошки, Уметнички, Спортски и слично). Зошто е потребно? Пред се’, да се согледа квалитетот на јавните и приватните факултети – насоки или студиски програми, можност идните кандидати – студенти, да се определат и да имаат избор за нивно натамошно образование да се запознаат со квалитетот на акредитираните студиски програми-потребни за пазарот на трудот, по завршување на студиите, за додипломски, посдипломски и докторски студии, условите за работа, наставата, наставниот кадар и слично. Вакви искуства има во многу балкански и европски земји. А, ние?
- Преиспитување на работењето на државниот просветен инспекторат (Не)професионално. И нивно трансформирање?! Преиспитување на инспекторите Африм Саљиу, Христина Јовановска, Даниела Кироска, Предраг Илиески, Зоран Ристески ( како за две години завршува додипломски Правен факултет и една година магистрира на Славјанскиот универзитет Свети Николе и докторски студии на Правниот факултет во Кичево, при УКЛО-Битола), Соња Зашовска, Маја Стојановска, во блиски односи со поранешниот директор Томе Спироски и блиска со Оливер Спасовски, Мирјана Наскосвска, и Тони Илиев, како и разрешување на несоодветниот и незаконски поставен ВД (три мандати) директор Халит Фератов (од политичката партија на алијанса на албанците-крилото на Зијадин Села). Напред наведените инспектори, наместо професионално да ја извршуваат својата работа,согласно ЗИН, ЗПИ, тие постапуваа согласно потребите на СДСМ, ДУИ и Алтернатива на албанците од крилото на Зијадин Села.
- Формираниот, а практично (не)функционалниот Национален совет за високо образование, иновации и технологија (Националниот совет) како стручно и советодавно тело на Владата на Република Македонија ( кој го водеше проф.д-р Тодор Серафимовски, а сега односно од 2023 -2025г. проф.д-р Гордана Лажетиќ). Од нивната работа сум разочаран и не очекувам ништо и од новиот претседател за тоа има доста причини! Затоа, ако сакаат да се вклучат нашите високообразовни установи во чекор со современите тенденции на науката и развојот на севкупната научно-истражувачка дејност и технолошкиот развој, треба да донесат (која ја немаат) Националната програма за научно-истражувачка дејност на Република Македонија, која е од приоритетно значење и која треба да има меѓународна димензија поврзано со стопанството, развој на високото образование и размена на искуства со другите високообразовни установи ширум светот во насока на исполнување на препораките од Болоњскиот процес. Националната програма е основа за насочување и утврдување на обемот на средствата од Буџетот на Република Македонија за вршење на научно-истражувачка дејност.
- Со нефункционирањето на овој национален совет нашите универзитети-факултети, немаат легитимитет кој треба да го потврди за нејзино зачленувањње во европскиот регистер за оценка на квалитетот во високото образование, што го основа групата Е4-European Qvality Assurance Register for Highrr (EQAR) (Европско здружение за обезбедување на квалитет на високото образование).
- Преиспитување на Академијата за квалитет на високото образование (кој е Расим Зубери, новиот директор на АКВО).
Со Одборт за акредитација и евалуација на високото образование, раководат партиски поставени лица.
Види повеќе: Образовен и финансиски криминал во агенцијата за квалитет во високото образование
Овие поставени лица наместо да вршат контрола на квалитетот на високото образование, институти, наставен кадар, настава, истите се соучесници на образовниот криминал на високото образование. Одборот за евалуација, како ваше сознание почитувани читатели немаат извршено ниедна евалуација на ниеден универзитет-факултет на нашите универзитети. И затоа не ме изненадува ваквата бродоломна состојба во високото образование и наука. Затоа има неминовна потреба од независна стручна експертска екипа да ја води Агенцијата и поставените Одбори за акредитација и евалуација. Во практиката Одборот за акредитација, акредитира се’ и сешто, додека, Одборот за евалуација (како што истакнав) практично не профункционира, што значи нема проценка, вреднување, правилно оценување. Тогаш немаме контрола и незнаеме со каков квалитет работаат универзитетите-нивните единици. Во кој правец треба да се движaт универзитетите, ако се сака да се има современо квалитетно високо образование на Балканот, Европа и светот.
9. Само да се напомене – Јавните вложувања во образованието се одржуваат на ниско ниво. Додека во Европската унија тие изнесуваат околу 5% од БДП, а во земјите од регионот околу 4%. Показателот за Македонија е под просек во регионот. Индикаторот за научно-истражувачка интензивност – учество за вложување за истражување и развој во БДП изнесува само 0,22% и е меѓу најниските во регионот.
10. Од вкупниот Буџет на Република Македонија, за наука во проценти се издвојува по години: во 2014 – 0,45%, 2015-0,40%, 2016-0,26%, 2017- 0,24%; 2018-0,15%; 2019-0,14%; 2020-0,12%; 2021-0,16%; 2022- 0,15%; 2023-0,08%;
- (Извор: Буџет на Република Македонија).
Затоа, ништо не е за изненадување што нашите македонски универзитети доживуваат бродоломи во високото образование и наука. Образованието е столбот на државата. Какво ни е образованието таква ни е државата. Затоа на потег е новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот, Христијан Мицкоски!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес