По три месеци употреба, вашата маскара е производ што треба да го фрлите. Сепак и пред истекувањето на тој рок, маскарата може да стане сува.
Сепак, според пишувањето на странските медиуми, постои едноставен трик со што ќе го спречите нанесувањето сува маскара. Наутро додека се подготвувате да излезете од дома, ставете ја маскарата во градникот и нека се затопли од топлината на вашето тело. Кога ќе дојде време за разубавување на трепките, таа ќе биде доволно загреана за лесно и глатко нанесување.
Секако, маскарата може да ја затоплите и помеѓу дланките или да ја ставите во чаша топла вода. Дури можете и да седнете врз неа, а ефектот ќе биде ист.
Можеби звучи чудно, но во секој случај е практично.