Зошто мажите секое утро имаат ерекција

Утринската ерекција кај мажите е спонтана и се случува во сон или при будење. Оние кои немаат еректилна дисфункција имаат чест тоа да им се случи неколку пати во текот на сонот.Една интересна теорија исто така тврди дека целата работа се случува за мажите да не уринираат во кревет.

Имено постојат два типа на ерекција психгена и рефлексна.Првата започнува со стимулација на фантазијата што доведува до ерекеција по пат на нервни импулси.Втората се случува независно од нашата волја без безобразни мисли и се верува дека причината е полн мочен меур. Најверојатно се случува  за машкиот полов орган да биде во добро здравје и добро да функционира.

Иако постојат неколку различни теории кои се обидуваат да го објаснат овој феномен, главната причина и понатаму е непозната. Утринската ерекција како и клиторичната е поврзана со РЕМ фазата со сонот.