Зошто НЕ за Пендаровски!!!

 

Сакам да ги потсетам моите ценети читатели и македонската јавност на мојата книга под наслов: „МАКЕДОНИЈА СО ХИБРИДЕН КРИМИНАЛЕН РЕЖИМ“ печатена во 2021 година. Во таа книга се објавени колумни, анализи, а во оваа колумна ќе се осврнам на моето пишување искажано до Пендаровски или некои негови изјави. Па, почитувани мои читатели вие сте најмеродавните дали сум во право или не. Не затоа што јас така сакам, туку поради дел од фактите – зошто не треба да се гласа за Пендаровски!

Еве ги  дел од фактите што сум пишувал во моите колумни и анализи:

ЕЈ МОЈА МАКЕДОНИЈО!

„ …Еј, моја Македонијо, твојот источен сосед Бугарија ти стави вето. Но, во лошото има и добро, а тоа е што Чешка, Словачка и Австрија недозволија да бидат усвоени заклучоците во делот за погрешното толкување на историјата, на кој инсистира Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Чесите и Словаците знаат кои се Светите браќа Кирил и Методиј и од каде доаѓа сесловенската писменост. Словаците, Светите браќа Кирил и Методиј ги имаат ставено и во нивниот Устав како сесловенски просветители. И затоа, знаат дека Бугарите ја фалсификуваат дејноста на овие наши старомакедонски просветители, и со право не се усвоени заклучоците, на кој што инсистира и се залага бугарската страна да стои: „погрешно толкување на историјата“. Фалсификатот го прави Бугарија која ги присвојува Свети Кирил и Методиј за бугарски и писменоста за бугарска. Фактите и документитите се на наша страна. Таква загриженост изразиле и другите држави членки на ЕУ.

И сега што изненадува:

Изненадува фактот (јас не сум изненаден од него), што претседателот Стево Пендаровски бил уверен дека нема да има вето од Бугарија (изјава на една национална телевизија). На што се темели таа негова констатација? Дали такви проценки доаѓаа од Агенцијата за разузнување, чиј директор е Ерол Муслиу, или такви проценки доаѓаат од советникот за национална безбедност на Заев, Зоран Верушевски или од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) што ја води Виктор Димовски и Воената агенција за разузнавање, да ги предупредат македонските власти дека се подготвува вето од Бугарија. Констатација е дека овие служби ги имаат промашено безбедносните проценки во поглед на ветото од Бугарија и последици од него по економијата и странските инвестиции пред се’. Еј,моја Македонијо…“.

МЛАДИТЕ ДА ЈА ПРЕОСМИСЛАТ ИДНИНАТА

„Иницијативата на претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), ја најавија заедничката иницијатива: „Преосмисли ја иднината“, чија цел како што стои во иницијативата на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации… Па, претседателот Пендароски ќе рече: „Денешната генерација на млади се соочуваат со голем број предизвици. Но, истовремено тие се најинформираните и најдигитализираната генерација во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата  иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што  нивните идеи се важни…“. Мошне добро срочено и кажано од страна на претседателот Пендаровски.

Да го потсетам претседателот Пендаровски 

Претседателе, да Ве потсетам за загрижувачката состојба за младите дека: „над 44,7 отсто од младите луѓе во земјава се невработени, тие се повеќе одлучуваат да мигрираат во развиените земји. Македонија веќе остана без четвртина од своето население, додека оваа тенденција може да се зголеми имајќи ги во предвид искажаните желби на младите студенти дека сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“ (според магазинот „Економист“). Понатака, според „Економист“- „Македонија се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на млади луѓе од 15 до 24 години. Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отство се пред Македонија, ова е поразителна статистика која што го објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

Од земјите во регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите  од 32,1 отсто, Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска на 34-та со 25,5 отсто“.

Исто така, загрижувачка е и вашата изјава претседателе на овој план цитирам: „Да не сум претседател, и јас би се иселил од својата држава, во која просечна плата е 400 евра“ (изјавена на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад (2019).

Со вашата изјава која перспективност и мотивираност испраќате?

На ова што да се каже, безперспективност за младите. Кога гледаат дека не функционираат правните институции, кога царува криминалот и корупцијата во секој сегмент од општесвеното живеење и делување.

Претседателе дали слушна за детето Дамјан, она генијалното детенце од Штип, кое на средношколски математички натпревар како осмооделенче освоил прво место. Но, поради некои „правни глупости“ на МОН, Дамјан неможе да ја добие заслужената награда! Младите ви поставуваат прашање, за какво образование се залагаме? Полна и е устата на Цароска за квалитетно образование, креативност, творештво… Претседателе што правиш за Дамјан и други како Дамјан, кои што ги има во Македонија, ама се од обичен социјален статус. Одговорот на младите е јасен – „си одиме таму каде што  може да се реализираме и бидеме соодветно третирани и исполнети како млади“. Младите ги гледаат и различните аршини за оние кои се од пониските социјални слоеви и оние недопирливите, добивање на различни стипендии или некои добиваат награди за величење на УЧК за „патриотски песни“, а за Дамјан и други како него нема награда. Сега претседател Пендаровски, кажете, каде е перспективата и иднината на младите бегаат од својата татковина Македонија.

Која е перспективата?

„И на крај која е перспективата на младите кога гледаат за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2020 година, Македонија бележи најниски резултати и најниско рангирање. Македонија се наоѓа на 111 место со 35 поени од вкупно рангираните 180 држави од целиот свет. Во последниве две години 2019 и 2020 година бележи пад од 106 место на 111 место. Коруптивноста на институциите во Македонија, коруптивноста на судството, високата корупција и недопирливи за органите за прогон, партизирање и пазарење во постапките за вработување и слично“. Господ на помош.

ПРЕТСЕДАТЕЛ ПЕНДАРОВСКИ КАДЕ СИ!!!

„…Сакам со ова мое пишување да ти ја честитам Новата година, со мојата преставка, која ти ја доставив, по разговорот и средбата со генералниот секретар Миле Бошњаковски (на ден 22.04.2021 година) поентата на средбата беше за состојбите во високото образование и непочитување на Законот за високо образование, како и кризата во високото образование. По прекрасниот разговор со мојот мијак, ме насочи да поднесам преставка, за да може институционално да се добие одговор од надлежните институции, поконкретно од министерот Мила Цароска. Така би, на ден 26.04.2021 година ја поднесов преставката, ја заведоа под бр.38/1 во архивата на  Кабинетот на претседателот Пендаровски. До ден денес нема никаков писмен одговор од претседателот. Затоа јавно го прашувам: Каде (коде) си претседателе? Чекам одговор претседателе, должност ви е да одговорите, па макар и лажно.

Претседател Пендаровски, да Ве потсетам на преставката, на што требаше да ги испитате институциите и да одговорите, а тоа е за неприменување на владеењето на правото во областа на високото образование во нашата држава.

Почитувани читатели, сакам и Вие исто така да бидете известени за што станува збор во доставената Преставка:

Почитуван, 

Во последниве неколку седмици, македонската влада и другите државни институции како и македонската јавност беа запознати преку медиумите (пишани и електронски) за меѓународниот образовен криминал на Универзитетот во Тетово. Сомнежите се лоцирани на Медицинскиот факултет во Тетово и тие се откриени преку  истражувачката сторија и публикација на „Веритас“, а се однесуваат на повеќе докторати – плагијати кај одредени професори на Медицинскиот факултет, (наведени се примери од седум лица – наставен кадар на овој универзитет за чии научни трудови е утврдено дека се плагијат). Злоупотребите на Ректорот на овој универзитет продолжуваат на тој начин што истиот спроведува постапка овие 15 докторанти со докторски плагијати да бидат дел од академскиот кадар! Откако е одбиено барањето од страна на деканот, ректорот го суспендира од деканското место. Овој меѓународен скандал доби широки размери на Балканот и пошироко, спомнувајќи го тетовскиот и крагуевскиот универзитет од Република Србија. Во Р.Србија, министерот за образование и наука го разреши тамошниот ректор и се отпочнуваат истражни мерки за откриени незаконски добиени докторски титули на кандидати од Косово и Македонија и истрагата е на највисоко ниво со ангажирање на сите институции. А кај нас?

Владата и сите надлежни органи и институции (премиерот има специјален советник за образование – професор д-р Татјана Стојановска Иванова, министерката за образование и наука Мила Цароска и нејзиниот заменик министер) за откриениот меѓународен образовен скандал изјавуваат дека не се надлежни, а исто таков несериозен однос демонстрираат и првите луѓе од Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните органи: Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование. Нема реакција, не се огласуваат! Потврда за оваа тврдење е фактот што и покрај моето јавно обраќање за сите овие скандали, досега не е превземено ништо!

Дека состојбите во високото образование во нашата држава се алармантни и загрижувачки, покажуваат меѓународните ранг листи каде се наоѓаат нашите универзитети. Нашето високо образование е на дното. Не се препознаваат на Балканот и пошироко.

Со донесувањето на новиот Закон за високо образование (Сл.весник на РМ бр.08.05.2018), (кој теоретски е добро срочен) се формираше Агенција за квалитет за високо образование, со два органи кои се во составот на Агенцијата и тоа Одбор за акредитација и Одбор за евалуација на високото образование. Исто како што е убаво срочен и законскиот рок за формирање на оваа Агенција (една година од стапувањето во сила на новиот ЗВО од 2018 година), рок кој длабоко го прегазија надлежните македонски институции.

Немам намера да Ви објаснувам од какво значење е формирањето на Агенцијата за квалитет на високото образование, како и формираните Одбори за акредитација и  евалуација на високото образование. И тоа од едноставна причина – пред отпочнување на претседателскиот мандат и Вие бевте професор на приватен универзитет и познати Ви се овие прашања! Проблемот е во тоа што поставените претседатели на овие одбори и поставениот директор на Агенцијата за квалитет во високото образование поставени од Владата, не си ги извршуваат професионално своите работни задачи (конкретно е дадено во ЗВО).

Знам дека знаете, ама треба да ве потсетам, што покажува практиката, а таа вели: Со Агенцијата за квалитет во високото образование раководи и нејзин директор е Агим Рушити, кој треба да ги проверува универзитетите во Македонија. Именованиот завршил докторски студии по математички науки на Факултетот за информатички науки на универзитетот во Нови Пазар, Србија. Почитувани, овој универзитет е познат по многу образовни меѓународни скандали на магистри и докторати. Затоа е потребно да се формира независна експертска комисија да ја провери точноста на докторската титула на Агим Рушити, како и стекнатите наставно-научните звања на градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко и нотарката Беса Кадриу на Струшкиот универзитет без нострификација од МОН, а чии дипломи и покрај законската обврска, остануваат ненострифицирани од страна на МОН!! Ова е сериозен законски прекршок! Агим Рушити со титула доктор на педагошки науки се стекнал на Филозофскиот факултет на УКИМ-Скопје. И тоа го стекнува во време кога бил раководител во секторот за високо образование при МОН. Истиот го ангажираат на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како насловен вонреден професор (извршен му е избор во наставно-научно звање), истовремено, е и насловен вонреден професор и на Факултетот за информатички науки при при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Што може да се констатира дека има судир на интереси и злоупотреба на својата службена должност! Дотолку повеќе што според новиот Закон за високо образование, „едно лице не може да биде избрано во насловно звање на повеќе од еден универзитет“. Тогаш како да очекуваме дека гореспоменатата Агенција за квалитет под раководство на именуваниот Агим Рушити може да врши контрола на универзитетите каде се откриени и има доста незаконитости, кога самиот Агим Рушити скандалозно ги има прекршено правилата и стандрадите кои треба да ги контролира и спроведува? Да не се заборави и фактот дека директорот Агим Рушити е активен член на политичката партија ДУИ, парципиент во Владата на Република Македонија. Дали не ни е веќе на сите јасно, зошто директорот Агим Рушити молчи и недава никакви изјави за скандалите во високото образование, поконкретно на Универзитетот во Тетово со плагијати, докторски плагијати на научни трудови, докторски дисертации и слично, кои преставуваат најголем срам за академската фела. Чин со кој се прегазува професионалната етика, моралноста и високото образование во Републиката! Ова е истотака работа и на Државната комисија за спречување на корупција, во борбата во судир на интереси!?

Затоа претседател Пендаровски, должни сте да се одважите и преку Вашите образовни советници да алармирате до сите институции за загрижувачките состојби во високото образование!!. Да побарате одговорност  од директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование и да Ви одговори: Дали и кога ќе го  преиспита Универзитетот во Тетово, втор и трет циклус и нивните дипломи добиени од други замји? Дали ќе го преиспита Универзитетот во Битола, каде што има голем број студенти за постдипломски студии од Косово, но и на други универзитети? Или како функционираaт факултетите на приватниот Европскиот универзитет, Струшкиот универзитет, ФОН-универзитетот, Битолскиот и Тетовскиот универзитет, Факултетот за Безбедност, Ветеринарниот факултет во Битола,и други, кога немаат соодветен кадар ( согласно ЗВО) или оној Струшкиот на Рамиз Мерко, каде има и имаше влијателни судии од Управен суд и од Апелациониот суд од Битола. А секако да не се заборави и приватниот универзитет МИТ-Скопје, за кого кривичната пријава за сериозни прекршувања на ЗВО, а за кои дури се вмеша и една странска амбасада, се уште дреме во некоја фиока!?.

Недопирливиот академик Владо Камбовски го води Одборот за акредитација за високо образование е  претседател на истиот одбор. По пензионирањето, академикот зема активно учество  и се активира  во разни матични комисии за формирање на приватни универзитети, како и активно учествува како ректор на приватниот ФОН универзитет?! Па со право академската фела го поставува прашањето. Дали академикот Камбовски има контрола врз   акредитирање и реакредитирање на студиски програми на универзитетите (факултетите)? Ќе поставам конкретни прашања: Зошто господин Камбовски го штити приватниот универзитет ФОН-Скопје? Дали се акредитирани студиските програми на англиски јазик на овој универзитет? Да,треба претседателе, да побарате одговор лично вие. Што превзел академикот Камбовски за незаконитостите на овој универзитет?! Дали има соодветен наставен кадар согласно ЗВО! Кои се странците на овој твој универзитет? Како ќе се акредитира новиот Правен факултет на универзитетот „Мајка Тереза“- Скопје, кои немаат соодветен наставен кадар или Студиска програма по Царина-шпедиција и осигурување, на овој политички универзитет! Дали Агенцијата за квалитет на високото образование е надвор од било каква контрола? Дали е побарана одговорност од директорот, претседателите на одборите на Агенцијата за изминатите децении за нивната работа? Зошто овие лица се надвор од било какква контрола? Кој ги штити? За ова треба да побарате претседателе Пендаровски одговор од академик Камбовски. За ова треба да се сноси одговорност ова е соучесништво за овој образовен криминал во високото образование во Македонија! Треба да одговори и како член на МАНУ, во спротивно ги крши правилата и етичкиот принцип како највисока научна институција во државата!

Можеби знаете, можеби не, но претседател на Одборот за евалуација на високото образование, односно вреднување на акредитираните студиски програми на јавните и приватните универзитети е професор д-р Марина Митреска. Именованата претходно била член на Одборот за акредитација, но лично со подршка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е поставена за претседател на Одборот за евалуација за високо образование. Активен член на политичката партија на СДС.

Сакам да Ве запознам како претседател, и вашите советници за образование, дека по донесувањето на Законот за високо образование, овој Одбор за евалуација на високото образование, што го води професор д-р Марина Митреска, нема извршено ниедна евалуација (вреднување) на ниеден јавен и приватен универзитет во Македонија. Во нормална и правна држава веднаш после вакви образовни скандали во високото образование си поднесува оставка. Ама таму постои високо развиена свест и чувство за одговорност и при помали аномалии во високото образование. А, кај нас? Кои се одговорни за ваквите аномалии во високото образование. Како го оправдуваат нивното постоење како орган, кога ништо не сработиле?! Колку финансиски парични средства земаа за неработење? Самиот овој чин доволно говори за учество и самоучество во образовниот криминал во високото образование, состојби кои се загрижувачки и алармантни. Затоа, како што бара академската фела исто така треба да се одважите претседателе и да ги повикате Агим Рушити, академик Владо Камбоски, Марина Митреска, и Мила Цароска и да одржите состанок на кој ќе Ве достават Извештај за сработеното согласно Законот за високо образование за следните точки:

1.Дали е применет член 49 од законот (2): Одборот за акредитација ја врши акредитацијата согласно со Правилникот за стандардите и постапката за акредитација на високообразовните установи и за акредитација на студиските програми што го донесува Националниот совет за високото образование?

2.Дали е применет член 50 од законот: Евалуацијата на високообразовните установи се врши преку: 1. надворешна евалуација и 2. самоевалуација?;

3.Дали е применет член 53 од законот кој предвидува дека Одборот за евалуација е надлежен за следното:

  1. Врз основа на извештајот на комисиите за евалуација на високообразовните установи ја следи дејноста на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и решение за почеток со работа;
  2. Го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на академскиот кадар на високообразовните установи, а посебно на нивните студиски програми најмалку на секои пет години и врз основа на тоа му предлага на Одборот за акредитација да ја продолжи или одземе акредитацијата;
  3. Предлага Правилник за стандардите и постапката за надворешна евалуација и самоевалуација до Националниот совет за високо образование;
  4. Дава препораки потребни за подобрување на нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност;
  5. Врши и други работи согласно Правилникот за стандардите и постапката за надворешна евалуација и за самоевалуација;
  6. Врши и други работи утврдени со Закон.

(2) Одборот за евалуација на секои шест месеци доставува извештај за својата работа до министерството надлежно за работите на високото образование и до Националниот совет. Образецот на извештајот го пропишува министерот надлежен за работите на високото образование.

(3) Извештајот од ставот (2) на овој член задолжително се објавува на веб страната на Агенцијата за квалитет и на веб страната на министерството надлежно за работите на високото образование.

Кризата во високото образование има неколку димензии:

1.Институционална криза: нефункционирање на Агенција за квалитет на високото образование и на нејзините клучни органи: Одборот за акредитација на чело со проф. д-р Владо Камбовски и Одбор за евалуација на чело со проф. д-р Марина Митревска; нефункционирање на Државниот просветен инспекторат на чело со Африм Салиу; нефункционирање на Инспекцискиот совет и на советникот на Премиерот за образование на чело со проф. д-р Татјана Стојановска; нефункционира Националниот совет за високо образование?

2.Нормативна криза: фиктивно почитување на Законот за високо образование, изготвување на фиктивни извештаи за надзор во универзитетите, не е забележан случај на откриени неправилности од инспекторите, туку сите извештаи се позитивни. Логично на ова е што инспекторите еден по еден добиваат можност да магистрираат или докторираат на приватните универзитети и да ги користат привилегиите.

3.Корупција: непостоење на потребен законски минимум од вработени професори на универзитетите (односно 10 професори за еден факултет). Не се знае кој професор на колку факултети предава, кој е насловен професор. Намерно не се изготвува транспарентна База за кадар во високото образование и на тој начин да се утврдат сите криминални потфати.

Последиците од оваа состојба се следните:

1.Низок ранг на македонските универзитети на светските ранг листи;

2.Продукција на неквалитетен кадар;

3.Висока корупција;

4.Богатење на сопствениците на приватните универзитети на штета на високото образование;

5.Продукција на неквалитетно образование.

На сето ова одговор нема по преставката од Пендаровски!

И на крај колумната:

ПЕНДАРОВСКИ, ЗОШТО ЈА ПЦУЕШ МАЈКА МАКЕДОНИЈА

„…Иако деновиве сум подалеку од јавноста, ама неможам, а да не го искажам своето негодување, како и сите кои си ја сакаат Македонија.

Го слушам Пендароски, со неговиот гнасен говор и со подршката за францускиот предлог. Со ваквата гнасотија и твоите искази Ти ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА. Тоа нема никој да ти го заборави. Македонија се срами од тебе, од твоите недоквакани изјави. Што мене ништо не ме изненадува од тебе.

Од далеку се слушаат гласовите на мојот братучет Кирил Манчевски, на Сариевски, Мајовците, Сирма Војвода…да се сочува македонското. Тоа го бара Пендароски и твојата мајка. Но ти, ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА, ја понижуваш, пцуеш по војводите, партизаните… Срам си за Македонија!.

До тебе не допира гласот на народот кој кажува НЕ за францускиот договор (читај бугарскиот). А, ти кажуваш што недоликува на претседател.

Пендароски, твоите „експерти“ те водат во ќор сокак. И не само тоа, со сите оние кои коментираат и реагираат. Каде се европските вредности. Ги нема во тој француски договор. Се исполнети сите бугарски барања.

Пендароски, дали имаш слух и чувство што говорат македонските експерти кои ги третираат европските интеграции или што говори МАНУ и други институции…што говори поранешниот евроамбасадор Фуере и други.

Немаш слух и чувство. Тоа е веќе проблем на кој што треба да проговорат психијатриските експерти.

А, она што не плашат дека ако не помине овој катастрофален француски договор, ќе сме биле изолирани, ќе сме немале јадење, ќе имало меѓуетнички конфликт и слично. Плашење за мали деца. Овие од Власта и Пендароски одете си! Час поскоро.

Македонија, издржала и ќе издржи. Сите заедно без разлика на партиска и верска припадност да се обединиме. Само за мајка Македонија!

Ова се само дел од фактите почитувани мои читатели зошто не треба да се гласа за Пендаровски!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес