Зошто Путин секогаш доцни?

Трпението може да биде доблест, но малкумина би го оставиле Папата да чека. Владимир Путин е исклучок. Рускиот претседател на состанок во Ватикан, доцнел еден час.Неговото доцнење веќе стана легенда. Покрај Папата, Џон Кери со часови го чекал Путин, а поранешната сопруга на Путин, поради неговото доцнење плачела на метро станиците.Доцнењето на Путин е легендарно. Средбите во Кремљ редовно се чекаат по неколку часа. Неговото доцнење варира од лидер до лидер и само еден час чекање, треба да се сфати како знак на почитување.Путин доцнел и на почетокот на својот мандат. На состанокот со англиската кралица во 2003 година, доцнел 14 минути, а една година претходно, родители на загинати деца во авионска несреќа, на гробишта го чекале два часа.

Papa-Franja-Vladimir-Putin-6

 

Портпаролот на Путин, Димитриј Песков, во средата се бидел да го објасни доцнењето на Путин на средбата со Папата, како евентуален знак дека Путин се почувствувал непријатно што го оставл Папата да чека.

-Точно е дека состанокот со папата се одржа по планираното време. Разговорите во Милано продолжија повеќе од очекуваното, а нашата поворка мошне бавно се движеше по улиците на Милано и Рим. Секако, цело време постојано бевме во контакт со Ватикан и го објаснувавме нашето доцнење, истакна Песков.

Песков рекол дека папата Франциско и Путин имале „длабока“ дебата во траење од околу еден час, со осврт на Украина, меѓународните односи, како и на „универзалните човечки вредности кои ги обединуваат католичкиот и православниот свет“. Ватикан соопштил дека дебатата била главно фокусирана на Украина, и дека папата повикал за мир во земјата. Путин исто така на папата му предал медалјон „Ангел на мирот“.

.

Тој го искритикувал Кенет Хакет, американски амбасадор при Светата Стлица, кој пред состанокот изјвил дека се надева дека Папата ќе му каже нешто повеќе на Путин „околу загриженоста за територијалниот интегритет на Украина“