Зошто СДСМ и ДУИ го кријат договорот со „Бехтел и Енка“ како змија нозете!?

Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“, гласи барањето на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Димитар Ковачевски.

Реакцијата на опозицските пратеници дојде откако владејачкита партии СДСМ и ДУИ, под изговор за наводна деловна тајна – иако станува збор за буџетски средства за чие трошење е неопходна транспарентност, го кријат договорот и од јавноста и од пратениците, а бараат да се гласаат законски измени поради тој договор

„Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 од Законот за класифицирани информации ни овозможуваат пристап до владини документи „државна тајна“, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.

Пратеникот Бране Петрушевски објави дека претениците од опозициската партија поднеле иницијатива за да го добијат договорот од 1,3 милијарди евра со конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопати.

Според Петрушевски, нема логика пратениците да учествуваат на дебати за повеќето предложени законски измени кои наменски се по скратена процедура заради овој договор, а истиот да не може да биде разгледан од пратениците.

„Како претставници на граѓаните, за да може одговорно да ја извршуваме функцијата пратеник и соодветно да може да гласаме, побаравме од премиерот да ни го достави договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д. Сите потпишани пратеници поседуваме соодветен безбедносен сертификат “Државна тајна”, напиша Петрушевски на социјалните мрежи, при тоа објавувајќи фотографии од иницијативата.

Договорот со „Бехтел и Енка“ не е никаква случајоснот, јавносто не виде договорот со овој конзорциум како што, предупреди синоќа универзитетскиот професор Самоил Малчески во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, предупредувајќи дека е многу можно Коридорите 8 и 10д никогаш да не бидат завршени, но дека државата ќе ги плаќа казнените пеналите.

„Една сериозна држава треба да ги прави работите во интерес на граѓаните, а не во интерес на некои приватни компании. Мене ми се чини дека никогаш нема да ги видиме коридорите 8 и 10д, ама затоа ќе ги платиме пеналите како што е договорено колку што е познато во јавноста. Мислам дека носителите на овој договор треба да сносат одговорност откако ќе реформира правосудниот систем оти имаме сериозни индиции дека тука има нешто коруптивно“, рече Малчески.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно денеска повтори дека засега договорот со „Бехтел и Енка“ не може да биде објавен затоа што, како што рече, таму има деловни тајни.

„Коридорите 8 и 10 Д ќе се изградат и ќе ги разочараме оние што не веруваат во најголемиот инфраструктурен проект во државава, а тоа се оние истите кои не веруваат дека ќе станеме членка на НАТО. Има потпишан договор на 400 страници во кои се дефинирани сите обврски, како наши, така и на изведувачот. Што се однесува до неговата тајност, ќе повторам дека сите договори кои се дел од работата на ЈПДП носат назнака за деловна тајна и доверливост, бидејќи содржат технологии на работа, структури на управување и поради заштита од конкуренцијата овие договори се такви“, тврдеше денеска Ковачевски.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешенал синоќа во Топ Тема на телевизија Телма изјави дека „Бехтел и Енка“ е една од најнетранспарентните компании во светот кои секогаш инсистираат на тајност на нивните договори, а нивните проекти секогаш завршуваат со цена што е повисока за 40 проценти од првично договорената сума.

Тасева ја прозва Владата дека склучила договор со апсолутна нетранспарентност со компанија, за кој по брза постапка во Собранието се менуваат закони, односно дека освен што е комерцијален, тој навлегува и во македонскиот уставен поредок.

Сперед неа и пратениците во парламентот треба да бидат повикани на одговорност, затоа што како граѓани на оваа земја, а изгласани од граѓаните гласаат за договор што не го ни виделе, а има многу спорни клаузули, од кои некои од нив и во директна спротивност со македонското законодавство и Устав.