Зошто се поплави центарот на Скопје?

Сите критични места кои беа поплавени во синоќешното невреме во Скопје, се исчистени и проодни за сообраќај. Остатоци од невремето, моментно, има само на булеварот Војводина, но екипи на теренот ја чистат калта од улицата што синоќа ја направи силниот ветар во комбинација со поројниот дожд  и град.

Главниот проблем за поплавувањето на центарот на градот, според шефот на кабинет на ЈП „Водовод и канализација“, Николче Спировски, се обилните врнежи од град, кои ја запушиле атмосферската канализација, па водата неможела да мине.

Во Скопје долги години наназад и при малку поинтезивен дожд неодминливо се поплавуваат подвозниците, а особено критични се оној кај клучката кај хотелот „Континентал“ и подвозникот што води кон Бутел. Но, неоспорлив е и фактот дека проблемите се јавуваат и поради тоа што голем дел од градот не е покриен со атмосфреска канализација.

„Амосферската канализација во деловите каде што синоќа се поплавија, нема капацитет да ја собере сета вода. Поради тоа, ние секоја недела ги чистиме сливниците, но овој пат тие беа затнати од поројниот град. Најкритично беше кај клучката во близина на хотелот ’Континентал’ и кај стоковната куќа ’Мост’. Речение да не се случи повторно вава работа е изградба на нова атмосферска канализација барем во неколку критични точки во градот, но тоа е сепак голема инвестиција. Чекаме координација од Градот, како понатаму ќе се делува“, вели Спировси.

Поради силното невреме кое го зафати главниот град, при што многу  улици се претворија во реки, синоќа доцна Владата и раководството на град Скопје одржаа итна средба за координација, на која присуствуваа сите директори на јавните претпријатија како и Дирекцијата за заштита и спасување.

gtc-vlez

Според информациите од кризниот штаб, најкритично било кај Стоковната куќа „Мост“, булеварот „Киро Глигоров“, од Битпазар кон хотелот „Континентал“, во Гази Баба, подвозникот кон Пржино, и булеварот Кочо Рацин. Водата кај подвозниците, не некои точки, достигнала висина дури и до два метри.

Во текот на ноќта околу 20 улици беа затворени за сообраќај од полицијата, а голем дел граѓаните на сппецијално отворени телефонски линии пријавуваа поплави во подруми и гаражи. Повеќе часови, целиот центар на Скопје беше заглавен.

Според полицијата, повредени од невремето нема, освен заглавени автомобили под подвозникот кај стоковната „Мост“ и пукната гасоводна цевка во населбата Ново Лисиче.