
Сите правиме грешки кога е во прашање љубовта, но одредени жени се во состојба дури и да трпат лоши момци, а ова се најчестите причини поради тоа:
1. Мислите дека не можете подобро
Постојат жени кои изгледаат среќно, задоволно и достоинствено, но всушност се многу несигурни. Со оглед на тоа дека мислат дека не можат подобро, завршуваат со мажи за кои знаат дека ги искористуваат.
2. Тој и приуштува работи без кои таа не може
Пред се мислиме на пари. Ако жената се чувствува финансиски стабилна покрај мажот, ќе ги премолчи сите лоши работи кои тој и ги прави.
3. Се плаши од самотија
Нема ништо лошо од тоа една жена да е слободна, но на некои им е тешко да им се поверува. Некои жени мислат дека помалку вредат и дека ќе им биде тешко долколку покрај себе немаат партнер. И тогаш се случува следново: тие го зграпчуваат првиот кој ќе им налета, каков и да е и со него ќе останат во врска засекогаш.
4. Смета дека може да го промени
Некои жени едноставно не можат да веруваат дека нивните партнери се ужасни. Тие самите ќе најдат причина дека не е се така црно и дека можат да го променат на подобро.
5. Со него е веќе долго време
По долго време, пеперутките во стомакот исчезнуваат и потребно е вложување на повеќе труд за врската да функционира. Но, многу често жените се трудат повеќе од мажите. Поради тоа, некои не сакаат да се откажат и кога врската им се распаѓа пред очи, бидејќи нивниот труд не е залуден.