Европската Унија има неофицијална и официјална историја. Неофицијалната е меѓу 1951 и 1992 година, а официјалната е од договорот во Махстрихт, Холандија во 1992 година, до денес. И во двата дела од својата историја ЕУ е поврзана со злосторничкиот воен блок НАТО, создаден од САД. На тој начин, ЕУ-НАТО дејствува како економско-воен блок и идеолошки во практика ги поддржуваат американските светски интереси. Доколку некоја држава сака да се зачлени во ЕУ, таа мора пред тоа да стане член на НАТО (Франција, Шпанија, Полска, Унгарија, Романија, Хрватска) или да биде примена истовремено во двата блока.
Во првиот период во ЕУ се зачленија развиените европски држави. По 1992 година ЕУ се трансформира во криминална пирамида – прими земји од Средна и Источна Европа, кои порано припаѓаа на социјалистичкиот блок, за да воспостави колонијална врска со нив (според определбата на Ноам Чомски). Истовремено им вети влегување „во Рајот“. Во 1995 година беа примени 3 (три) држави, во 2004 година, 10 (десет), во 2007 година 2 (две) и во 2013 година 1 (една). „Заморот на ЕУ“ за кој се зборува денес, е всушност крах на финансиската пирамида на ЕУ:
Прво, целта на приемот во ЕУ беше да ги исцрпи финансиско-економските ресурси на новите членки. Моментално Латвија има повеќе од 40 милијарди евра државен долг и тој изнесува 145 отсто од нејзиниот БДП. Долгот пак на Литванија е 38 милијарди т.е. 98 отсто од БДП, на Естонија е 25 милијарди или 118 отсто од БДП, на Словенија е 60 милијарди односно 78 отсто од БДП, а на Бугарија е 40 милијарди или 75 отсто од БДП. За споредба до 2006 година долгот на Бугарија беше 18,9 милијарди евра.
Второ, во просек примените држави мораше да плаќаат дупло повеќе, отколку што добиваат од ЕУ. За изминатиот 10 годишен период Бугарија на пример, внела во ЕУ околу 14 милијарди евра, а добила 8 милијарди. Притоа е казнета со 10 милијарди евра, а во моментов и течат судски дела за уште 14 милијарди. Така што, според експертите, за времето на своето членство во ЕУ, Бугарија има директни загуби од околу 50 милијарди евра.
Трето, во сите поранешни социјалистички држави кои се денешни членки на ЕУ, невработеноста нагло се зголемила, затоа што економиите банкротирале. Тоа беше намерно направено од две причини. Првата е, во тие држави да бидат увезени западни производи со нисок квалитет. А, втората е заради невработеноста на младите луѓе кои се стекнале со дипломи да имигрираат на Запад.
Четврто, спомнатите погоре податоци се официјални, според „критериумите“ на ЕУ. Неофицијалните но реалните податоци се многу пожестоки. Во Бугарија до 2006 година невработеноста беше меѓу 6,9–7,3 отсто. Денес е повеќе од 20 отсто. Државниот долг реално е 60 милијарди евра, годишните такси кон ЕУ се околу 500 милиони евра (официјално се 400 милиони), плус 100 милиони евра кон НАТО, плус бесплатна поддршка на НАТО-базите и на војниците на бугарска територија. Бугарија плаќа и за воените учества во Афганистан, Ирак, Сирија итн.
ЗОШТО ТОГАШ НЕ СЕ БУНАТ ДИСКРИМИНИРАНИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ?
ОДГОВОРОТ Е ЕДНОСТАВЕН:
Прво, затоа што се членки на НАТО и се воено-зависни како во минатото од Варшавскиот договор.
Второ, затоа што на политичарите во тие држави досегашната состојба им конвенира. Ќе дадам повторно пример со Бугарија. Веќе кажав, дека таа добила повратно 8 од дадените 14 милијарди евра. Само што, во буџетот се влезени не 8 туку само 4 милијарди. Каде се останатите? Во џебовите на бугарските политичари. Има и друго. Во бугарското Собрание платите на пратениците се околу 2 до 2,5 илјади евра. Слични (или малку поголеми) парични примања имаат во Словенија, Хрватска, Унгарија, Словачка, Балтичките држави. Истовремено, платата на европратениците изнесува околу 15.000 евра, плус уште 24.000 евра за месечни трошоци. Бугарија има 18 европратеници, Чешка и Унгарија по 24, а Романија 35. Затоа, како европратеници се поставуваат крупни партиски функционери и истите никогаш не би имале такви високи плати доколку нивните држави не би биле во ЕУ. Истовремено со украдените од повратно вратените милијарди од ЕУ, партиските елити во националните Собранија продолжуваат да ги зголемуваат своите плати до висината на европратениците. Формата е „законска“ но, ограбувањето од своите народи продолжува.
Трето, незадоволството на обичните граѓани од источноевропските и балканските земји истотака се манипулира по два начина. Директното незадоволство се крие зад лажните анкети организирани од дебело платени европски структури. Такви фалшиви анкети за „голема поддршка“ за ЕУ и НАТО, како и за рејтинзите на политичарите се прават и во Македонија. Истовремено врз граѓаните од државите членки на ЕУ како и од земјите кандидати се прави жестока пропаганда колку е убаво да влезеш во „европската кланица“ ЕУ.
КАКО РЕЗУЛТАТ НА СЕТО ТОА НЕ СЕ САМО ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА, ТУКУ И ГРАЃАНИТЕ ВО НАШИТЕ ДВЕ ДРЖАВИ СÈ УШТЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ОПАМЕТАТ. ЕУ И НАТО Е СМРТ ЗА СЛОВЕНСТВОТО НА БАЛКАНОТ. ЗАТОА И ПРИ ПОСЕТАТА НА МОГЕРИНИ ВО МОСКВА РУСИТЕ ЌЕ СТАВАТ АКЦЕНТ И УЛТИМАТУМ НА ЕУ ОДНОСНО НИВНАТА АГРЕСИЈА ВРЗ НАС. ПРОБЛЕМОТ Е ВО ТОА, ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ВО ТОЈ МОМЕНТ СЕ СЛЕПИ И ГЛУВИ И ЧЕКАТ КАКО „ЈАГНИЊА ПРЕД ВЕЛИГДЕН“ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ. ЗАТОА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ШАНСИ САМО ДОКОЛКУ РАСЧИСТИ СО СВОИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И НАВИСТИНА ЈА ЗЕМЕ СУДБИНАТА ВО СВОИТЕ РАЦЕ.