Зошто „лидерска“, ако Заев ѝ должи на Катица Јанева

Нејасно е само како Заев смета дека може „да ја смени“ или не Јанева или, пак, премеирот само јавно признава и порачува дека неговиот збор е пресуден, односно дека, како што и обвинува опозицијата, сведоци сме на автократско владеење со Македонија.

Иако една од централните теми на лидерскиот состанок на Зоран Заев на владејачката СДСМ и на Христијан Мицкоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше натамошната судбина на Специјалното јавно обвинителство, премиерот очигледно се предомисли и порача дека „не помислувал да ја смени“ челничката на СЈО, Катица Јанева

„Апсолутно не помислувам да ја сменам Катица Јанева“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. „Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија“. рече Заев.

Нејасно е само како Заев смета дека може „да ја смени“ или не Јанева или, пак, премеирот само јавно признава и порачува дека неговиот збор е пресуден, односно дека, како што и обвинува опозицијата, сведоци сме на автократско владеење со Македонија.

Опозицијата, пак, од своја страна најави дека ќе ги поднесе предлог-амандманите околу предлог законот за јавното обвинителство, поради кој најмногу не се согласуваат со власта, а посебно за решавањето на статусот на СЈО. Преговорите на двете комисии се најавени за петок.

„Не можеме да дозволиме СЈО кое нема да одговора пред никого, тоа не е познато во ниту една демократска држава. Не може да создадеме орган кој пред никого нема да одговара, тоа не е својствено за демократија, тоа е монархија“, оцени во вторникот вечерта во изјави во емисијата „Отворено“ на Алфа Телевизија, адвокатот Тони Менкиноски кој ја предводи работна група на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони.

Посочи дека граѓаните не заслужуваат ваков однос, односни не може никој да биде изземен од одговорност и токму затоа функционирањето на СЈОб како оддел на Јавното обвинителство мора да биде засновано на закон, мора специјалниот јавен обвинител да одговара пред некого.

„Не можеме да излеземе надвор од меѓународните стандарди, не можеме да излеземе надвор од суверенитетот на граѓаните, или да направиме некој монарх кој ќе се однесува како сака. Мора да има закон кој ќе биде пример како ќе се перцепира обвинителството кој ќе биде пример како треба да биде орган кој ќе ги штити човековите правата на граѓаните, а не орган кој ќе врши репресија. Ние не почувствувавме како нација дека ова обвинителство досега не штити“, потенцираше Менкиноски.

За власта е неприфатливо барањето на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал. Министерката Дескоска смета дека според стратешките определби СЈО треба да продолжи да работи како Обвинителство, а не како одделение. За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира.

Како што потврди денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, постојат серизони разлики меѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ, кое бара СЈО да биде посебно одделение. „Дефинитивно за нас како Влада предлог-законот е најсоодветно решение и сметаме дека треба да се имплементира без одоговлекување“, истакна Бошњаковски.

Ваквиот сегашен став на Заев веројатно се должи на неговото израмнување на сметките со Јанева откако претходно во март со новиот закон за специјалното обвинителство, беше предложено дека бомбите нема да се користат како докази за случаите поведени од 30 јуни 2017 година наваму, за што јавноста оцени дека претставува потег со кој од ингеренциите на СЈО се иззема всушност коалициониот партнер ДУИ. Имено снимените разговори за лидерот на „интегративците“ на Али Ахмети се еден од клучните докази во истрагата отворена од СЈО во март минатата година, за пописот што пропадна.

Исто така, треба да се потсети дека и кон срината на јануари 2017-та, СЈО водено од Катица Јанева го повлече обвинението за предметот „Пуч“, во кој еден од обвинетите веше и Заев.  Откако претходно од притвор беше ослободен поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој е организатор на доставудањето на незаконски прислушуваните телефонски разговори ткн „бомби“ до тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, СЈО тогаш објасни дека се откажуваат од обвинението во случајот „Пуч“, бидејќи обвинителниот акт наводно бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“, иако јавноста имаше прилика да види како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт.

„Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот ‘Пуч’ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа“, соопшти тогаш СЈО.