
Зошто на Путин му е важна Сирија? Властите во Русија негираат дека имаат економски интереси од воздушните напади врз Сирија, што отпочнаа пред пет дена.
Интересен текст на оваа тема се појави точно една недела пред претседателот на Русија Владимир Путин да даде наредба за почеток на воените операции на повик на сириските власти.

Павел Бајев професор на Институтот за истражување мир во Осло и поранешен советски академик за „Волстрит журнал“ вели дека „за Русија падот на цената на нафтата претставува директна закана за националната безбедност“.
Ако нешто може да ја крене цената на нафтата е развој на конфликтот на Блискиот Исток. Затоа за Русија е од фундаментален интерес цената на нафтата да остане нестабилна, вели Бајев.
Медведев: Немаме економски интереси во Сирија

Дмитриј Медведев, рускиот премиер ги нарече како „теорија на завера“ тврдењата дека Русија со своите дејствувања го штити пазарот за продажба на оружје како и дека се бори против настојувањето на Катар гасоводот на државата да стаса до Средоземното Море и да го замни снабдувањето на Европа со руски гас.
Медведев нагласи дека Русија нема глобални економски интереси во Сирија.
Точно е дека ги снабдуваме со оружје, но тоа не е фантастична сума пари, тоа можеби може да бидат стотина милиони долари, но нашиот севкупен портфолио изнесува 15 милијарди долари. Тоа значи со други зборови, дека немаме никакви супер економски интереси таму, наведува Медведев.
Медведев порача дека издвојувањара за вооружените сили на земјата се оправдани и неопходни, вклучувајќи ги и задачите како што е мисијата во Сирија, чија цел, како што рече е да се заштити Русија од тероризмот.
Како изгледаат интеревенциите на Русија во Сирија, погледнете на следниот линк.