
Богатството на Наоми Кембел (45) се проценува на околу 45 милиони долари, што значи дека парите одамна не и’ се главна цел. Сепак токму поради парите таа на одредени брендови им рекла „не“.
Наоми е навистина супермодел. За неа веројатно случнала целата планета, работела за сите познати брендови и заработила милиони.
Неколку пати прошетала на модната писта на ревијата на брендот „Викторија сикрет“, но никогаш официјално не станала една од „ангелите“.
Кога ја прашале, зошто, таа одговорила:
Неможеа да ме платат.
Таа неколку пати прошета на пистата на реијата на „Викторија сикрет“ од основањето на брендот во 1995-тата година, а вели дека одбила да стане ангел, затоа што цената не била добра.
Наоми очигледно ја знае сопствената вредност, а доволно е да се каже дека нејзината биографија што излезе од печат неодамна се продава по цена од 1.600 евра.
На промоцијата на книгата, манекенката за „Вог“ изјавила:
Книгата е мошне искрена. Мојот живот е отворена книга на толку многу начини. Искрена сам во врска со тоа која сум.