Тони Робинс, автор на бестселерот „Money: Master The Game“, открива зошто некои луѓе поседуваат магнетска привлечност со која како да влечат се’ кон себе..
За да бидете попривлечни, објаснува Робинс, важно е да одлучите да живеете подобар живот и да не се одрекувате од сопствената среќа поради секојдневни ситници.
Харизматичните личности не губат нерви поради раноти кои не можат да ги контролираат, туку се концентрираат на работи за кои тие се прашуваат.
„Кога луѓето се великодушни, разиграни, топли, искрени и полнии со љубов, другите едоставно сакаат да бидат во нивно друштво, бидејќи нема ништо попривлечно од тоа“, објаснув Робинс.
Но, исто така додава дека тие кои постојано приговараат, се жалат, стравуваат, се грижат, кои секогаш ги обвинуваат другите за сите лоши работи кои им се случуваат, луѓето ги избегнуваат.
Значи, ако сакате да бидете привлечни, треба да бидете благодарни и да го цените животот. Голем број луѓе имаат преголеми очекувањам а кога тие нем да се исполнат, стануваат разочарани и зајадливи. Затоа, Робинс советува очекувањата да ги заменат со благодарност.
„Ако почнете да ги цените луѓето околу себе, моментот во кој се наоѓате и работите кои ве опкружуваат, вашиот живот ќе се промени во момент. Ќе сфатите дека живеете убаво и другите луѓе ќе сакаат со вас да го споделат тоа искуство. Да, навистина, тоа е толку едноставно“, тврди Робинс.