Зошто СДСМ и ДУИ би го криеле договорот ако истиот не е предавство?

Големо разочарување во опозициските редови и помеѓу поранешни поддржувачи на „Шарената револуција“ поради двојните стандарди на СДСМ, едни кога се во опозиција, а други кога се на чекор да бидат власт. Новинарите Огнен Чанчаревиќ и Јорданка Ивановска – Јоци, како и комуникологот Жанета Трајкоска преку свои Фејсбук статуси со директно прашање до опозицијата „Каде вие транспарентноста за која 10 години зборувате, што договоривте со ДУИ ?“

Новинарот во Телма телевизија, Огнен Чанчаревиќ, на својот Фејсбук профил со прашање до СДСМ : „Сега кога веќе не сте во опозиција некако транспарентноста не ви е јака страна, нели?“ , тој дополнително пишува: „10 години секојдневно зборувавте за транспарентност и ветувате транспарентност. Две недели никој не знае што договарате со ДУИ, платформи, закони јазици… “

cancarevik

-Ниту знам што понудиле ВМРО ниту пак ме интересира. Сакам да знам вие што сте договориле исто како многу мои колеги и целата македонска јавност. Тоа е императив и не може да се држи сокриено во недоглед.  Затоа денес во 17 часот ќе има повеќе луѓе отколку вчера, пишува Чанчаревиќ од Телма.

– Јавноста, гласачите кои бараа промени, се оставени да претпоставуваат што ќе се случува, договореното се крие, во надеж дека точките во иднина ќе се пласираат дозирано за да се “варат” постепено. До навика и релативизирање. Јавноста е оставена да хибернира во еден меѓупростор каде нема воздух, а ни сонце. Типични методи на тврда цензура, пишува новинарката Јорданка Ивановска – Јоци во својот Фејсбук статус.

shot-20170228-12783-1o2bbc5