Зошто СДСМ се плаши од избори?

Последната анкета на реномираната агенција Брима Галуп предвидува убедлива победа на ВМРО – ДПМНЕ на следните парламентарните избори. Од резултатите од Брима Галуп воедно може да се види и одговорот на прашањето зошто СДСМ толку се плаши од избори и соочување со волјата на народот.

Резултатите покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

anketa1

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

anketa2

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

anketa3

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт (ИРИ).

anketa4

Анкетата е спроведена во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016. Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.