Зошто се важни металните нитни за вашите фармерки?

Малите метални нитни на џебовите од фармерките можеби и не ги ни забележувате, но тие се мошне важни, а еве и зошто?

Тие се „сместени“ на оние делови од фармерките што најбрзо би можеле да се скинат при движење и помагаат материјалот да стои прицврстено и на тој начин ги прават потрајни.

Интересна е и приказната за тоа како овие мали метални делови станале задолжителни при производството на фармерки.

Во 1870-тата работниците носеле фармерки додека работеле физичка работа, поради што нивните фармерки мошне брзо се распаѓале.

Поради ова, сопругата на еден работник, отишла кај шивачот Џејкоб Дејвис и побарала тој да направи фармерки што нема да се распаѓаат толку лесно.

На Дејвис му текнало дека може да стави нитни на сите места што се најпогодени, како аглите на џебовите или на почетокот на патентот. Со помош на нитните материјалот се држел цврсто, а тоа значело дека е помала можноста да се скинат.