Жените се чувствуваат несигурно кога во текот на сексот се одозгора врз партнерот. Причините за тоа се повеќе, но најчесто се работи за недостаток на самодоверба.Она што потполно ги загрижува е што кога се горе, мажот има комплетен видик на нивното тело. А имајќи предвид дека размислуваат за целулит,килограми или стрии логично е дека не можат да се опуштат и да уживаат. Но, тие не знаат една работа. Мажот кога е возбуден, не забележува ништо и не се занимава со тие рабпти. Тој само сака да се опушти и да ужива, а истото го очекува од вас.
Купете секси долна облека, некој преубав проѕирен фустан и опуштете се. Неговата реакција и возбуда нека ве опуштат. Заборавете на глупостите и опуштете се.
Има жени кои не ја сакаат таа поза, бидејќи не знаат што да прават. Се плашат од преземање иницијатива, а не знаат дека мажот ќе биде воодушевен. Но, и да не сте искусни не плашете се да пробувате нови работи.
Како трет проблем кој е најчеста пречка жените во сексот да бидат горе е изразот на лицето. Жените се чувствуваат непријатно од своите гримаси за време на екстазата.
Но тоа е голема грешка имајќи предвид дека мажите тоа го сметаат за потврда дека можат да ја задоволат својата партнерка. Ако сте и понатаму на истиот став, пронајдете некое решение. Пригушете го светлото, запалете ја ламбата или свеќи и препуштете се на уживањето.