По отказот кој во неделата го доби досегашниот тренер Индира Кастратовиќ на прес конференцијата пред дуелот беше потенцирано дека до наименувањето на нов тренер со тимот ќе координира тренерски тим: Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски, додека во подготовката на натпреварите ќе биде вклучен и Давид Дејвис, кој сепак ќе остане помошник на машката екипа на Вардар.
На натпреварот со ФТЦ во 1.коло најефикасна кај Вардар беше Андреа Пенезиќ, кој во пресрет на дуелот истакна:
– Во петокот не беше вистинската игра на Вардар. Во спортот се случуваат вакви работи. Аце и Девис (тренерите) направија анализа за следниот ривал и може да порачам дека одиме на победа.
Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг почнува во 20:30 часот, додека вториот дуел од групата Б меѓу ФТВ и Астраханочка се игра во недела. Дуелите од другите три групи се играат во сабота и во недела.