ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампиони

ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампиони
ЖРК Вардар против Букурешт во полуфиналето на Лигата на шампиони

Женскиот македонскиот првак ЖРК Вардар ќе игра против романската екипа ЦСМ Букурешт во полуфиналето во ракометната Лига на шампиони.

Желбата на вардарки се исполни, го добија посакуваниот противник, можеби и најлесен од трите можни на патот кон финалето на завршниот фајнал-фор турнир кој ќе се одржи во Будимпешта, каде денеска беже извршена и ждрепката.

Црвено-црните сезонава веќе одиграа два натпревари против романската екипа и тоа во втората фаза по групи. На мечот во Скопје на почетокот на јануари месец, македонскиот шампион забележа минимална победа со 22:21, а додека на гостувањето во Романија во февруари, вардарки беа убедливи и славеа триумф со пет голови разлика 30:25.

Во второто полуфинале ќе играат Будуќност и Ѓер, екипите кои триумфираа на последните два завршни фајналфор турнири.

Годинашното издание на завршнмицата на Лигата на шампионките, повторно ќе се одржи во Будимпешта, и тоа, полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 мај, а финалето и мечот за 3.место на 8 мај