Екипата на ЖРК Вардар оствари победа на гостувањето кај Будуќност со 30:25 (15:12)и со триумф ја завршија групната фаза во Лигата на шампионите.
Вардар со девет победи од десет натпревари е првопласирана екипа во групата.
Андреа Пенезиќ со десет голови беше најефикасната во составот на Вардар, додека Суслина имаше 9 интервенции,. Раичевиќ од Будуќност постигна исто така 10, а со шест заврши Лакрабер.
Дански Митјиланд e противникот на Вардар во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Првиот меч се игра во Данска во периодот од 6 до 8 април, а реваншот во Скопје во перидот од 13 до 15 април.
Победникот од овој дуел ќе игра на Ф4 турнирот во Будимпешт