Жртви во напад врз џамија на Филипини

Две лица загинаа во бомбашки напад што денеска е извршен врз џамија во јужниот дел на Филипините.

Локалните власти соопштија дека жртвите биле лица кои спиеле во огромен комплекс на една џамија во југозападниот дел на филипинскиот остров Минданао, каде живее претежно муслиманско население.

Нападот се случил неколку дена после нападот врз црква на островот Џоло, во кој загинаа 21 лице, а неколку десетици беа повредени.