![zupe](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/zupe.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Градоначалникот на Бордо и поранешен шеф на дипломатијата и поранешен француски премиер, Алан Жупе, смета дека е неодговорно во Франција да се организара референдум за излегување од Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во интервју за париски „Ле Монд“, политичарот, кој многумина го гледаат како можен наследник на Франсоа Оланд во Елисејската палата, покрај отфрлање на идејата за референдум во Франција, признава дека на ЕУ и се заканува „распарчување“.
Затоа, Жупе предлага да се изработи нов европски проект, а потоа европските народи да се повикаат да го кажат своето мислење.