Журнал.нет: Локалниот персонал во амбасадите и странските претставништва креира лоша слика за Македонија

Во Македонија постои повеќедецениска пракса – локалниот персонал од амбасадите и останати странски претставништва да учествува во нереди, демонстрации, протести кои се политички мотивирани, и секако да заземаат политичка страна, пишува денес порталот „Журнал“.

branka-kus

Порталот наведува неколку примери на вакви случаи. Како прв пример го посочува случајот со Катерина Кус-Иванова Филкова, вработена во Делегацијата на ЕУ во Скопје, одговорна за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и Систем за импленентација на децентрализација (ДИС). Катерина е ќерка на Бранка Кус- Иванова, која може да се забележи на низа протести организирани од СДСМ, како и гордо фотографирана со опозицискиот лидер Зоран Заев.

branka-kus-2

Изминатиов период Катерина Кус- Иванова можеше да се види на свадбата на опозициската активистка Нора Шакири, чија старосватица беше токму Катерина. На веселбата неодминлив дел беа политичките симболи на таканаречената “шарена револуција“. Познавачите коментираат дека не е исклучено политички обоената Кус- Иванова да влијаела и на кратењето на европските пари од ИПА фондовите за Македонија.

katerina

Весникот „Вечер“ во неодамнешна анализа го постави прашањето дали лошата слика за Македонија е токму дело на нивните локални советници кои земаат огромни плати за да ја плукаат сопствената држава?

Кој ги брифира меѓународните преставници во земјава?

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет е познат по своите ставови кои ја надминуваат неговата дипломатска мисија и постојано дава оценки кои се директно мешање во внатрешните работи на Македонија. Неговата службеничка/советничка/официрка за економски и комерцијални прашања Јована Бабушку е дел од демонстрациите на СДСМ и Сорос, кои овие денови станаа насилни.

nasi

На нејзиниот Линкд ин профил стои дека е вработена во Британска амбасада од 2007 година.

joana

Васко Карангелески, внук на Генералот Карангелески и син на Раде Карангелески од Демократска Алтернатива, исто така е дел од протестите на СДСМ и Сорос. Тоа не би било ништо страшно, ако Васко не беше вработен во УНДП.

373710-koj-gi-brifira-megjunarodnite-prestavnici-vo-makedonija

Јове Кекеновски во друштво на наркозависник Игор Серафимовски (лево) и Јове Ангеловски од УНДП.

373711-koj-gi-brifira-megjunarodnite-prestavnici-vo-makedonija

Да не заборавиме да ја споменеме и сопругата на Сашо Орданоски, Бјанка Зафировиќ Орданоска која е вработена во германската амбасада.