
СДСМ преку платениците сака да го спречи изборот на нов студентски лидер. Лидерите на сдсмовскиот пленум ја одработуваат платеничката агенда на опозицијата.
Истите ликови кои можат секојдневно да се забележат на протестите на „Платеничката револуција“ денеска се обидуваат да ги спречат и студентските избори, пишува порталот Журнал.нет.
ФОТО: Журнал
Медиумите утрово објавија фатена комуникација помеѓу членови на СДММ, која открива обид за минирање на изборите за нов студентски лидер, односно по наредба на потпретседателот на СДММ Дарко Каевски да се даде поддршка на таканаречениот пленум.
Токму Дарко Каевски, потпретседателот на СДММ можеше да се забележи при обидот на студентскиот пленум да спречи избор на нов ректор на УКИМ пред неколку дена.