
Специјалниот известителка на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, за време на нејзината посета на Мадрид рече дека „никогаш не видела таков ужас“ каков што израелската армија спроведува врз палестинските цивили, па ги повика влијателните земји во светот да „наметнат безусловен прекин на огнот“.
„Не сум личност којашто лесно плаче, но војната во Газа скрши нешто во мене. Траума е секој ден да се гледаат деца со ампутирани раце и нозе“, рече Албанезе во интервју за шпанската национална TVE.
Во текот на изминатите четири месеци во Појасот Газа биле убиени околу 25.000 палестински цивили, од кои 70 отсто биле жени и деца, според Обединетитенации. Израелската армија убила повеќе од 100 новинари и над 130 службеници на ОН, рече Албанезе.
„Израел не смее да води војна против народот на кој врши окупација“, истакна таа.
„Над повеќе од 1.000 деца е изведена ампутација без анестезија, бидејќи нема лекови“, рече Албанеза и додаде дека многу деца умираат од глад и студ, протерани од своите домови, додека Израел ги блокира испораките на храна и лекови во таа област.
„Тоа е геноцид“, рече Албанезе, инаки правничка специјализирана за човекови права.
Израел, рече таа, не ѝ дозволува да влезе на палестинските територии, како и на други високи претставници на ОН. Се пожали дека моментално нема новинари ниту во Појасот Газа, па сведоштвата за злосторствата ги снимаат самите жртви.
Албанезе претоа ги обвини земјите од Европската унија и САД, дека не прават ништо за да го спречат Израел да „изведе етничко чистење“. „Палестина се претвори во симбол на неправдата“, рече таа.
„Во моментов има 300 израелски населби на окупираните палестински територии (на Западниот брег). Тоа е воено злосторство. Зошто другите земји го дозволуваат тоа?“, праша Албанезе.
Рече и дека единствениот „поглед на надеж за човештвото“ го покажала Јужноафриканската Република, која го обвини Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МКС), барајќи светската организација да ѝ нареди на еврејската држава моменталмо запирање на воените дејствија.
„Јужноафриканската Република, која преживеа 300 години колонизација и 50 години апартхејд, го брани палестинскиот народ. Со тоа нѐ засрами нас Европејците, наводните чувари на меѓународното право и човековите права, кои пасивно гледаме како се спроведува геноцид“, рече Албанезе.
„Мажите и жените во Јужноафриканската Република се стремат да го зачуваат она што остана од меѓународното право и човештвото“, заклучи таа.
Израел негира дека извршил геноцид и тврди дека се бори против палестинската милитантна група Хамас. Меѓута, многу израелски министри и политичари во медиумите излегуваат со идеи за протерување и раселување на Палестинците во други земји, трајна окупација на Појасот Газа и завладување на сите територии. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воената операција и ја отфрли мировната идеја за формирање на две држави кои би вклучиле и признавање на палестинската независност, што има основа и во актот на светската организација од 1947/48 при формирањето на Државата Израел.