Ѕвездата на Барселона во казино изгубил вистинско богатство

Шпанските медиуми тврдат дека Туран во последно време има големи проблеми со коцкањето, а после инцидентот со новинарот наводно во едно казино изгубил вистинско богатство.

На Арда Туран изгледа тешко му падна збогувањето од репрезентацијата на Турција.

Имено, играчот на Барселона се прости од репрезентацијата откако е исфрлен од неа поради физички инцидент со еден од турските новинари.

Шпанските медиуми тврдат дека Туран во последно време има големи проблеми со коцкањето, а после инцидентот со новинарот, наводно во едно казино изгубил вистинско богатство. Се шпекулира дека се работи за неколку стотици илјади евра.