![калолона](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/kalolona.jpg?resize=575%2C349&ssl=1)
Во пресрет на Новогодишните празници нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева ја објави песната „Ѕвона“ – нов сингл од претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година.
Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски – Мелем Продукција.
– Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме – вели Каролина.
Видеото за новиот сингл „Ѕвона“ е објавен на официјалниот YouTube канал на Каролина.