„Курир“: Спасовски ги троши ресурсите на МВР за класична политичка хајка

избрзал со своите заклучоци и јавни обвинувања.

-Со ова само се потврдуваат тенденциите кои ги има во однос на своето работење во министерството, но мене повеќе ме зачудува како неговите „професионални“ советници не успеаа да го советуваат стручно и професионално дека дури откако ќе се заврши истрагата и ќе се добијат потврдени докази за дотогашните сомненија може да се излезе во јавноста и да се основано осомничи некој за злоупотреба на службена должност или било кое друго дело. Мене помалку ми се чини дека СДСМ се обидува да направи што повеќе сензационалистички пристап што е далеку од професионалност особено во МВР, секако дека може некаде да се најдат пропусти во работењето на поедини овластени службени лица или функционери, но колку се големи и какви последици предизвикале врз безбедноста на државата е сосема друг аспект на гледање кои најпрво треба да се аргументира а потоа да се окарактеризира на соодветно ниво. Вака СДСМ по се изгледа се обидува да направи сензационалистичка тензија дури и за најразлични баналности со која ќе ја држи македонската јавност како заложник се до изборите, а воедно со секоја неуспешна сензационалистичка вест и настап на министерот Спасовски да се покрие со друга уште по ступидна вест или постапка, вели Андонов.

Андонов додава дека постапките на Спасовски се  начин на однесување и идеолошко-политички поглед на начинот на кој треба да се практикува власта.

-Многу опортуно, дневно политички брзоплето донесувајќи одлуки и со многу фрустрации што не покажува верба во сериозност туку загрижува. Загрижува пред се затоа што не очекуваат избори кои без збор се најодлучувачките за Македонија и нејзиниот опстанок во последните десетина година, а со едно од клучните министерства раководи министер и околу него советничка група за која неможе да се каже дека е професионална и која е пред се политички инструирана, вели универзитетскиот професор.

Однесувањето на министерот Спасовски е комбинација од политикантство и тотален дилетантизам. Според Андонов, барем од онаа што досега го видовме станува збор за неумерено политикантство во комбинација со фрустрираност, суетност и нестручност го карактеризираат владееето на СДСМ во МВР.

-Со сигурност ова ќе се одрази врз работата на полицијата, но и нивната перцепција за многу практични работи за кои СДСМ во флоскули и лажна скромност зборува, но најповеќе загрижува како министерот и неговите соработници ќе се однесуваат во текот на изборната кампања и на денот на изборите, смета Андонов.

Спасовски ја доведува во прашање безбедноста на посочените

Запрашан каков е ризикот по некои функционери кога има гранатирање на Влада или ризикот по Јохан Тарчуловски кој живее во Љубанци, Андонов вели дека секако дека овој ризик е голем за што претходно службите во Министерството за внатрешни работи прават посебна проценка за загрозеноста на поедини лица или за нивните семејства од екстремистички или криминални поединци и групи.

-За оваа не треба да се коментира а вообичаено јавноста нема потреба да го знае тоа бидејќи е во доменот на работата на службата на полицијата и нејзините оддели. Повторно ќе напоменам дека доколку имало некои пропусти тоа не е кривично дело или постапка која треба да биде приоритет на министерот Спасовски. За секои пропуст во работата на полициските службеници кога не се работи за кривично дело постапува одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а врз основ на дисциплински постапки, вели Андонов.

Од тука, потенира Андонов, може да кажеме дека токму истрагата на министерот Спасовски ја промаши процедурата, а воедно и целта која беше политичка, бидејќи споменатите личности го демантираа тврдењето на министерот.

– Секако ќе видиме што до крајот ќе донесе истрагата на министерот кој брзоплето обелодени некои информации, а за кои може да кажеме дека и од безбедносен аспект нетребаше да бидат тема на јавна расправа се до завршувањето на истрагата внатре во Министерството за внатрешни работи, вели универзитетскиот професор.

mvr-nova

Џуклески: Имам докази за сите клевети од Спасовски

Гоце Џуклески, кој исто се најде на мета на Спасовски ги отфрли обвинувањата и достави докуметни според кои во 2009 година му бил назначен единствено возач заради природата на неговата работа како координатор за гранично управување. Тврди дека никогаш немал полициско обезбедување, а службените возила кое го користи не се на МВР туку му биле доделени на телото со кое управува.

-Тој човек нема ништо заедничко со морал и со етика. Без никакви факти и докази кажува само некакви глупости и инсинуации, навреди и клевети. Имам документи за сите обвинувања. Ниту сум имал некогаш обезбедување, ниту сум барал, вели Џуклески во изјава за Курир, кој додава дека Координативниот центар е владино тело и министерот за внатрешни работи нема ништо со него.

Џуклески повторува дека бил и државен секретар и помошник-министер и никогаш не побарал обезбедување, ниту пак го имал.

-Втората работа, возилата кои што ги спомнува Спасовски, тоа се возила кои