вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 17

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат кој најмногу направил за економијата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е лицемерно СДСМ да се прикажува како партија на економски експерти, ако се земе предвид дека во време на владеење на оваа партија земјата достигна историско највисоко ниво на невработеност и највисока невработеност во Европа

Поврзани вести

Единствен начин економијата да се врати на успехот кој го имаше изминатите години е да се организираат нови парламентарни избори, на кој ќе се соочат економските програми и проекти на ВМРО-ДПМНЕ и странски платформи и агенди на СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ од каде сметаат дека има можност за рецесија на домашната економија ако брзо не се формира влада.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните знаат многу добро кој има најмногу направено за економијата, стандардот и стопанството во Македонија.

„Граѓаните паметат каква економска катастрофа предизвика СДС во секое негово владеење. Впрочем СДС со своето деструктивно однесување изминатиот период предизвика доволно штета и на државата и на граѓаните и на економијата. Наместо планови за живот, СДС на граѓаните им испорача план за редефинирање на државата. СДС покажа дека економијата не им е приоритет, туку распродажбата на државните и националните интереси“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е лицемерно СДСМ да се прикажува како партија на економски експерти, ако, наведува, се земе предвид дека во време на владеење на оваа партија земјата достигна историско највисоко ниво на невработеност и највисока невработеност во Европа.

„Станува збор за невработеност од дури 38 проценти, која дојде како последица од криминалната приватизација која ја спроведе СДС и благодарение на која 200.000 семејства останаа без извор на егзистенција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, отвори нови 170.000 работни места и ја намали невработеноста за 15 процентни поени. Дури и во екот на политичката криза странските инвеститори продолжуваат да веруваат во економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ и отвораат нови капацитети или ги прошируваат постоечките“, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести