Спорт

Агуеро ќе мора да одмара во следните 30 дена

Агуеро ќе мора да одмара во следните 30 дена

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Мануел Пелегрини потврди дека последната повреда на аргентинскиот интернационалец е од посериозна природа и аргентинскиот интернационалец нема да биде во комбинација за игра во следните 30 дена.

“Срехио го повреди коленото на последниот првенствен натпревар против екипата на Арсенал. Клупскиот доктор ме информираше колку точно нема да можам да сметам на неговите услуги. Според првичните проценки, Агуеро нема да биде во комбинација за настап во следните 30 дена. Ако нема некоја компликација, тогаш Агуеро ќе биде подготвен за игра во средината на месец јануари”, изјави искусниот чилеански стручњак.