Првите што ќе се разочараат од оваа Влада се Албанците рече на вчерашното гостување на Топ тема членот на Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Голем број на општини за жал вака како што се поставија работите, средините каде што живеат албанците добија лоши градоначалници. Го имаме Тетово каде што не е решено водоснабдување, ситуацијата со депонијата сите ја знаеме. Во Струга депонијата не само што не е решена туку и возухот е канцероген. Општина Гази Баба не доби градоначалник кој што ќе ги решава овие работи. Не дај боже да се случи некоја поплава ќе видиме која ќе биде фијаското на реакција или во Гази Баба или во Јегуновце“, рече Ѓорчев.
Според имало добар дел на компетентни, квалитетни градоначалници кои, за жал, не биле гласани во дел од албанскиот електорат. Тој посочи дека имало добар дел од албанците кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е добро и е за поздравување. Посочи и дека во периодот којшто следува ќе се артикулираат политичте пораки и политичките понуди кон албанците од страна на ВМРО-ДПМНЕ.