Александар Вучиќ: Ќе воведам данок за политичари

Идниот премер на Србија, Александар Вучиќ за печатеното издание на Блиц изјави дека новата влада ќе воведе дополнително оданочување на највисоките државни функционери, од претседател на Републиката, преку министри до народни избраници.

„Не може на ниту еден државен функционер, од платата да му се одземе помалку отколку на наставник или лекар, “ вели Вучиќ за печатеното издание на Блиц.