Анџелина Џоли: Меѓународната помош доцна пристигна во БиХ

Во присуство на голем број домашни и странски високи официјални лица, во Сараево денеска се одржува Конференцијата на тема „Превенција од сексуално насилство во судирите, зајакнување на улогата на регионалните сили во безбедноста при операцијата во подршка на мирот“ која ја организира Министерството за одбрана на БиХ во соработка со амбасадата на Обединетото Кралство и Кралството Норвешка во БиХ.

На конференцијата присуствуваат министерот на надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг и актерката Анџелина Џоли кои во Сараево пристигнаа синоќа.

Џоли во обраќањето на Конференцијата истакна дека супер се чувствува што е во Сараево.

„Овој регион помина низ ужасна војна, а вашите војници сега помагаат на други земји,“изјави Џоли.

Таа потсети дека за време на војната во БиХ меѓународната помош стигнала доцна на ова подрачје и нагласи дека и познато колку тоа го погодува овој народ. Џоли наведе дека темата на оваа Конференција во многу земји и понатаму се третира како табу.

„Денеска цивилите постануваат мета. Силувањето е грозно насилство и тешко е да се зборува за него. Извршителите избираат помлади или постари, за срамот да биде поголем,“ изјави Џоли.