петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 48

Балкански спортист заразен од вирусот Зика

jan-klobuchar

Поврзани вести

Словенечкиот Национален институт за јавно здравство потврди дека словенечкиот одбојкар Јан Клобучар (23) се заразил со вирусот Зика на  репрезентативните подготовки во Рио де Жанеиро.

По враќањето во Словенија, Клобучар почувствувал болки во мускулите и имал висока температура, а откако побарал медицинска помош, било дијагностицирано дека се заразил со Зика вирусот. Останатите репрезентативци на Словенија кои биле на подготвките во Бразил немале никакви здравствени проблеми.

Поради сé поголемата закана од опасниот вирус, Светската здравствена организација би можела да ги одложи или откаже Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Најчитани вести