Бан Ки Мун, Томас Бах, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу го носеа олимпискиот факел низ Сочи

На една од делиниците предвидени за штафетата, Oлимпискиот факел денеска го носеа претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Бан Ки Мун нагласи дека за него е голема чест да го носи Олимпискиот факел.

„Сочи е преубаво место за Олимписките игри, а руската гостопримливост ми остави пријатен впечаток,“ изјави генералниот секретар на ОН.

Претседателот на МОК изјави дека во улогата на носител на факелот се чувствува фантастично, пренесува „ Глас на Русија“

Зимските Олимписки игри во Сочи, официјално ќе бидат отворени утре 7 февруари.