Белград не гледа подготвеност на Приштина да се реши убиството на Ивановиќ

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави во неделата дека Србија е заинтересирана за решавање на убиството на Оливер Ивановиќ, но не гледа подготвеност на косовските власти.

Стефановиќ укажа дека нема размена на податоци во врска со случајот и апелираше ЕУЛЕКС посериозно да се вклучи во неговото решавање.

Српскиот министер за внатрешни работи апелираше ЕУЛЕКС, косовската полиција и меѓународната заедница да извршат притисок истрагата да оди побргу, како и интензивно да се разменат информации со цел да се откријат убијците и организаторите.

„Србија е заинтересирана да се реши ова убиство и немаме пречка да не учествуваме во тоа, што и да треба да направиме за да дојде до тоа, меѓутоа, не гледам желба од другата страна“, рече Стефановиќ.