„Билд“: Меркел може да дојде на чело на ОН

Меркел би можела да дојде на чело на ОН. Германски „Билд“ пишува дека канцеларката Ангела Меркел по истекот на третиот мандат може да дојде на чело на Обединетите нации.

Весникот наведува дека се почести се гласините дека таа може во почетокот на 2017 година да го наследи Бан Ки-мун на функцијата генерален секретар.

Оној кој еднаш играл во врвна лига од светската политика не треба да премине на полоша работа, а над берлинскиот канцелар нема многу, освен можеби „светска влада“ на Ист Ривер во Њујорк, наведува најтиражниот европски таблоид, пренесува МИА.

Мандатот на Бан истекува на 31 декември 2016 година. Канцеларката Меркел воглавно не ги коментира такви шпекулации.

Единствено што истакнува е дека сака да го задржи ветувањето дадено на Германците дека ќе го исполни целиот мандат кој истекува наесен во 2017 година.