Битолчаните Ѓултен и Кашмир се предозирале со метадон

Дваесет и седумгодишната Ѓултен Исовска и нејзиниот партнер, триесет и тригодишниот Кашмир Исовски, двајцата од Битола, починале од предозираност со метадон.

Нивните тела беа пронајдени завчера во битолскиот мотел „Пржо“.

Телата на починатите биле пронајдени во мотелска соба која ја изнајмиле на 24. октомври.

Откако подолго време никој не излегувал од собата, вработените во мотелот насилно ја отвориле вратата и ги пронашле безживотните тела, по што веднаш повикале полиција.

 

Полицијата веднаш извршила увид на местото. Телата биле без облека, едно до друго. Телото на машкото лице било во поодмината фаза на распаѓање. Откако увид извршил и јавен обвинител, телата се пренесени за обдукција.

Починатиот Исовски десетина пати бил приведуван од битолската полиција за низа кривични дела. Најголем број од нив биле поради нелегална трговија со наркотици.