Македонија,Крими хроника

Владината амнестија продолжува Благодарам Заев – Од затвор излегува мозокот на грабежот во „Прокредит Банка“

Благодарам Заев – Од затвор излегува мозокот на грабежот во „Прокредит Банка“

Трендот на ослободување криминалци од македонските затвори, осудени за сторени тешки кривични дела, од страна на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, продолжува и понатаму.

Следен криминалец, на список на Заев, кој требало да биде, а и е ослободен од затвор е Флорим Малоку, кој воедно бил и мозокот на вооружениот грабеж во „Прокредит банка“ во центарот на Скопје, кој се случи на 10 април 2009 година.

Тогаш од експозитурата на „Прокредит Банка“ беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со „калашникови“, ранети беа тројца полицајци.

Исто така, за време на грабежот повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Флорим Малоку, кој денес е пуштен на слобода, преку неговиот профил на социјаланат мрежа „Фејсбук“, јавно му се заблагодари на македонскиот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.

 

 

 

 

Денес ќе му се заблагодарам посебно на премиерот на Република Македонија – господинот Зоран Заев, и лидерот на Албанците во Македонија, господинот Али Ахмети, за нивниот придонес за започнување на правдата на една голема неправда што ми е направена, овозможувајќи ми да се вратам кај моето семејство, меѓу другото, пишува Флорим Малоку на својот „Фејсбук“ профил.