Бугарија: Експлодираше воз со пропан бутан, четворица мртви

воз

Во експлозијата уништени се и околу 20 објекти, пренесува Танјуг.

Според дел од бугарските медиуми, некои објекти се уште горат, зафатени од пожарот настанат од експлозијата, која се случи во 04.40 часот.

– Не очекуваме друга експлозија, а во тек е евакуација на луѓето од селото Хитрино, информира претставник на полицијата.

Како што се наведува, полицијата присилно ги евакуира луѓето кои одбиваат да заминат од своите домови.

На гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот.