Бундестаг: Македонија, БИХ и Србија се сигурни земји

Горниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска даде согласоност на законот според кој Македонија, БИХ и Србија се прогласени за земји со сигурно потекло што знали дека барањата за азил на граѓаните од овие земји ќе се сметаат за неосновани.

Со овој закон формално се потврдува дека во овие три балкански земји нема мачење, ниту пак прогон, ни злоупотреба на политички неисомисленици, и затоа барањата за азил се неосновани.

Во практика, законот, меѓу останатото, ќе и овозможи на Германија полесно и побрзо да ги отфрла барањата за азил.

Според податоците на германската сојузна влада, граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Србија минатата година поднеле 22.000 барања, од кои одобрени се 60.

Германските медиуми наведуваат дека статистичките податоци покажуваат дека од вкупно поднесените барања за азил од Македонија и Србија, повеќе од 90 се од Роми.

Поради зголемениот број на лажни азиланти од Македонија и Србија, одредени членки на Европската Унија ообараа преиспитување на безвизниот режим во овие две држави.