среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Червар: Против Македонија ќе треба крваво да работиме

Освен Кире немаат ниту една екстра ѕвезда, но имаат тим. Македонија по петти пат во низа се пласираше на големо натпреварување. Мислам дека тоа доволно говори за нивниот квалитет, вели Червар.

Червар: Против Македонија ќе треба крваво да работиме

Червар: Против Македонија ќе треба крваво да работиме

Поврзани вести

Прво играме со Македонија, кој мисли дека тоа ќе биде прошетка се излажал. Со години го водев Металург и во неколку сезони успеав од просечен тим да ги трансформирам во најдобар тим во Источна Европа, вели хрватскиот тренер Лино Червар во изјава за хрватски „Индекс“.

Поголемиот дел од тие „мои“ играчи денеска созреаа и се многу незгодна екипа. Играат различен ракомет од нас, ги краси војничка дисциплина и фанатична борбеност. Тактички стојат одлично, истренирани се до перфекција, на нив нема да им паѓаат топки од раце како на Исланѓаните и нема да ги добиеме во првите 15 минути. Против Македонија ќе треба  крваво да работиме 60 минути и постепено да ја градиме победата. Освен Кире немаат ниту една екстра ѕвезда, но имаат тим. Македонија по петти пат во низа се пласираше на големо натпреварување. Мислам дека тоа доволно говори за нивниот квалитет, -вели Червар во анализата.

Најчитани вести