Четвртфинална реприза на минатогодишното финале – Реал vs. Атлетико

Денешната ждрепка на која беа извлечени четврт-финалните двојки во фудбалската Лига на шампиони, сакаше градските ривали, Реал и Атлетико да се сретнат меѓусебе уште во оваа фаза од натпреварувањето.

Тоа ќе биде реприза на минатогодишното финале, во кое Реал беше поуспешен и го освои трофејот во елитното клупско натпреварување.

Доста интересно ќе биде и на двомечот помеѓу Париз Сент Жермен и Барселона, каде Ибрахимовиќ, доколку му биде редуцирана казната поради неоправданиот црвен картон кој го доби на мечот со Челзи, ќе се обиде да го елиминира својот поранешен тим во кој имаше неуспешна авантура.

Баерн Минхен за противник ќе го има тимот на Порто, додека најлесно во оваа ждрепка, барем на хартија, помина тимот на Јувентус, кој во 1/4 финалето ќе игра против Монако.

Првите мечеви од четвртфиналето во ЛШ се на програмата на 14/15 април, додека се реваншите ќе се играат на 21/22 април.

ls parovi