Ципрас: Грција по референдумот ќе ги продолжи преговорите

Грција по референдумот ќе ги продолжи преговорите со кредиторите. За ова денес информираше грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска во обраќање кон нацијата.

Тој рече дека сака да ги продолжи преговорите со кредиторите и земјата да остане во еврозоната, јави БТА, пренесе МИА.

– Референдумот не го засега членството на Грција во еврозоната и тоа членство никој не може да го стави под сомнение, потенцира Ципрас.

Тој увери дека „Не“ на референдумот в недела не значи заминување од Европа и ги повика гласачите да заокружат „не“ заради подобар договор со кредиторите.

Во обраќање кон нацијата премиерот рече дека ако грчката Влада добие позитивен одговор од кредиторите на предлозите, таа неодложно ќе реагира.

– Преговорите со кредиторите ќе продолжат по референдумот, додаде тој.

– Одржувањето референдум за прифаќање на условите на кредиторите има за цел да бидат избегнати ризиците за земјата, додаде грчкиот премиер.