
Имавме тешка битка во последните шест месеци, се боревме да добиеме најдобро од договорот со кој на земјата ќе и се даде можност да застане на нозе, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по успешното завршување на маратонската расправа за грчкиот проблем во Брисел, објави МИА.
– Се најдовме пред тешки одлуки и дилеми. Зедовме одговорност за одлуката, со цел да ги ибегнеме намерите на екстремно конзервативните кругови, додаде Ципрас и рече дека договорот е „тежок“.
Сепак, како што јави дописникот на МИА од Атина, тој истакна дека грчката Влада успеала да постигне еструктуирање на долгот и финансирањето на развојот на земјата.