среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 42

Црна кампања: СДСМ со сите сили се обидува да го дискредитира политичкиот противник

СДСМ е е фокусирана главно кон целосно дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена и на секаков можен начин. Ако на сето ова се надодадат и антимакедонските изјави и предавничките тези на Заев дадени во странство и во земјата, добиваме дијаметрално спротивна слика од она што е политички портрет на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Каракамишева – Јовановска.

vmro-dpmne-sdsm-520x264-480x244

Поврзани вести

Сто причини зошто да не се гласа за противникот, наместо сто причини зошто граѓаните би го дале гласот за нивната партија, упатување навреди од говорниците со цел дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена…СДСМ пред овие избори, како што велат познавачите, води жестока негативна кампања. Наместо да нудат решенија за проблемите на граѓаните преточени во проекти кои би ги реализирале доколку дојдат на власт, опозицијата и нивната коалиција, како што може да се забележи на досегашните митинзи, поголемиот дел од политичкото претставување го користат за таканаречена црна кампања. За политичките аналитичари е вообичаено тоа што СДСМ за целиов предизборен и изборен период води класична негативна кампања со мали сегменти посветени на изборната понуда содржана во нивниот „План за живот во Македонија“.

karakamiseva1„Тие кратки моменти сепак не можат да го тргнат општиот впечаток дека оваа партија е фокусирана главно кон целосно дискредитирање на политичкиот противник по секоја цена и на секаков можен начин. Оваа доминантност на деструктивната наместо на позитивната страна во кампањата на СДСМ се оценува како најслаба страна на партијата која претендира да дојде на власт. Ако на сето ова се надодадат и антимакедонските изјави и предавничките тези на Заев дадени во странство и во земјата, добиваме дијаметрално спротивна слика од она што е политички портрет на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува за Нетпрес, универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска. ВМРО-ДПМНЕ, како што потенцира таа, е контра-пункт на СДСМ во секоја смисла на зборот.

„ВМРО-ДПМНЕ ја има најобемната и најквалитетна политичка понуда некогаш видена во државата, но и пошироко. Оттаму сосема логично е што на терен ВМРО-ДПМНЕ целосно доминира и што не губи ниту еден момент на црна кампања. Тоа не значи дека оваа партија не враќа на негативните пораки упатени од СДСМ против лидерот и раководството на партијата. Враќа силно и фокусирано без да влезе во чевлите на противникот. Добро е што ВМРО не потпадна под провокациите на СДСМ и што не ја измести кампањата така како што СДСМ навигираше. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана на својот пат,на својот план како најдобро да го претстави пред граѓаните тоа за што има вложено многу труд, посветеност, тимска енерија. Оваа партија навистина многу успешно се справи со сите предизвици и тешкотии со кои се соочи на политичката сцена“, истакнува универзитетската професорка.

kampanja

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според неа, е свесна дека секое изместување на тежиштето во прилог на кампањата што ја води СДСМ ќе биде на нивна штета и токму затоа оваа партија одлучила да не го губи време на тривијални местенки, уцени и притисоци какви што ги подметнува на секој ќош СДСМ и да продолжи уште попосветено да чекори по својата позитивна траекторија, таму каде што се чувствува најсилна и најуспешна. Во текот на оваа предизборна кампања, професорката Каракамишева-Јовановска посочува дека може да се забележи поместување на кампањата и на социјалните мрежи и дека неодамнешната изборна кампања во САД ја докажала доминацијата на овие средства.

„Се чини дека овие избори доминантно ќе се водат преку алатките на комуникација преку социјалните мрежи. Приматот ќе биде ставен на нив, а помалку на традиционалните начини како билборди, постери и слично“, додава таа.

Според неа, Македонија на тој план го фаќа приклучокот на останатите демократски држави каде што социјалните мрежи станаа клучен фактор во креирањето на јавното мислење во корист или против одредена политичка партија.

Најчитани вести