Дачиќ: Целта е професионална, модерна и јака дипломатија

Потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека во наредниот период приоритет ќе биде професионална, модерна и силна дипломатија која ќе и помогне на Србија да оствари поголемо меѓународно влијание.Амбасадортите кои не ги исполниле очекувањата ќе бидат вратени од земјите и ќе ги пополнат испразнетите места во Министерството.

„Јас би сакал нашите дипломати да ни помогнат да оствариме што поголемо меѓународно влијание. Како да дојдеме до оние кои одлучуваат во тие земји. Тоа ќе биде цел во наредниот период,“ наведе Дачиќ.

Според него, од 2009 година до денеска издадени се повеќе од 3000 дипломатски пасоши, а најголем број од нив се издадени регуларно, но имало и злоупотреби. Тоа, како што изјави, ќе биде исправено.

Министерот, навел пример дека минатата година 25.000 телеграми кружеле во МНР, а меѓу нив била инфорамцијата дека Бурунди испратила свои војници во мировна мисија во друга африканска земја.

„Од какво значење е оваа информација за српската дипломатија, “ се прашува Дачиќ.

Тој подвлече дека амбасадор не е награда за некого, туку дипломатот треба да и помогне на својата држава да оствари што поголемо меѓународно влијание.

Тоа значи дека треба да се стигне до важни луѓе на одредена земја,чиишто одлуки ќе влијаат врз Србија.